16 Мај, 2024
0.0300

Колку одлуките на Ердоган ќе влијаат на македонската економија

Објавено во: Економија 15 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Притисокот во Турција ќе продолжи се додека Реџеп Таип Ердоган не направи целосно различен чекор, а за тоа има многу малку време. Во спротивно, кризата ќе се продлабочува, сметаат економските аналитичари. Ако тргне ептен лошо тоа ќе има лошо влијание и на глобално ниво. Експертите од земјава велат дека и Македонија може да не е заобиколена. Трговската размена меѓу нас надминува 400 милиони долари, а овде има и многу турски инвестиции. Традиционално двете земји негуваат добри економски односи. Може ли да се случи крах? Познавачите не се толкави песимисти, а знаат и дека Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) може да има клучна улога во справувањето со кризата. Турски фирми се затвораат секојдневно, а дел од нив ги затвораат бизнисите и надвор од земјата.

„ Дополнително, проблемот се вжешти поради односите со САД и се создаде поголем проблем. Сепак никој не може дали оваа ситуација може да се префрли на другите пазари, иако се тврди дека најпогодени ќе бидат тие брзорастечките економии. Фактот што во Турција во последните десет години имаше бум, а сега земјата должи близу 300 милијарди долари, а има девизни резерви од само 70 милијарди е аларм. Падот на валутата ќе предизвика банкрот на многу фирми особено на тие што се извозно ориентирани. Е сега како ова ќе се одрази на Македонија? Секако не е добра вест кога на некој значаен трговски партнер не му оди добро, вели професорот Трајко Славески.

Се согласува и поранешниот гувернер Љубе Трпески кој вели дека кризата во Турција индиректно може да влијае и на Македонија зата што таа држава е позначаен трговски парнер на земјава.

„Тоа може да води кон намалување на трговската размена со Турција, што нема да е добро за нас. Сепак криза од поголеми размери не треба да се очекува, барем не засега. Турција има традиционално висока инфлација и во различни периоди различно се менаџираше. Кога министер беше заменикот претседател на Светска банка Кемал Дервиш, цените се стабилизираа, но набрзо потоа повторно се стана исто. Како и што ќе се случува сега, многу зависи од односите со САД, но и од одлуките на Ердоган, вели Трпески.

Меѓународните аналитичари тврдат дека долго време Централна банка ги оставила каматите прениски и тоа на барање на Ердоган и со тоа покажала дека е под контрола на извршната власт. Тоа е всушност и главанта причина зошто пазарите практично кренаа рака од турската лира. Инфлацијата стаса до 15 проценти и има негативно влијание на турскиот надворешен долг особено на долгот на приватните компании а меѓу нив најмногу на градежните чиј долг е деноминиран во евра.

„Не верувам дека пазарите ќе се предомислат. Притисокот ќе продолжи се дури Ердоган не каже стоп и поинаку. Дури и рецесија и должничка криза кои би ја натерале Турција да имплементира контроли на капиталот и да побара од ММФ да ги извлече не може да бидат исклучени. Турција сега има многу малку простор отколку порано вели, Карстен Хесе од германската банка Беренберг.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА