29 Април, 2024
0.0504

Колку литри гориво може да се наточи со просечна плата?

Објавено во: Економија 03 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Македонските возачи точат номинално најевтино гориво во Европа, но ако се споредат бројките за тоа во која држава колку литри може да се купат со просечна плата лесно може да се види дека овие трошоци се голема ставка за џебот на едно македонско семејство.

Во земјава, актуелната цена на безоловниот бензин БС- 95 е 64 денари за литар или 1,03 евра, а со поевтин бензин од нас во Европа, може да се пофалат само Романците, кои плаќаат по 0,99 евра за литар.

Во овој поглед, во најдобра позиција се граѓаните на Луксембург, кои со една просечна плата можат да купат 2.560 литри бензин. Во Македонија со просечна плата од 22.912 денари (370 евра) може да се купат 358 литри безоловен бензин. Најлоши меѓу земите- членки на ЕУ се Романците, кои со просечна плата купуваат едвај 397 литри. Германците може да купат 1.619 литри со просечна плата, Австријците 1.014 литри, а Швеѓаните 1.778 литри. Од друга страна, жителите на новите членки на ЕУ се на дното на листата. По Романците, најмалку гориво со просечна плата купуваат Бугарите 444 литри. Во Унгарија може да се купат 503 литри, во Словачка 549, а во Чешка просечните приходи се доволни за 706 литри бензин. Норвежаните со просечна плата можат да купат 2.005 литри иако плаќаат најскап безоловен бензин од 95 октани во Европа по 1,74 евра за литар.

Според податоците од АМСМ, од соседитe, најскапо се возат Грците, каде литар бензин од 95 октани се продава за 1,50 евра. Цената на ова гориво во Србија е 1,19, во Бугарија е 1,07 евра за литар, а албанските возачи плаќаат по 1,18 евра за литар. Безоловниот бензин е најевтин во Косово и чини 1,05евра за литар, во Турција литар чини 1,29 евра, а во Босна и Херцеговина 1,10 eвра. На хрватските бензински пумпи евросуперот 95 се продава за 1,26 евра. Црногорците литар гориво ги чини 1,22 евра, а Словенците за истата количина треба да платат 1,27 евра.

Во пог­лед на ди­зел-го­ри­во­то, Ма­ке­до­ни­ја е убед­ли­во нај­ев­ти­на во ре­ги­о­нот. Kај нас, ди­зе­лот чи­ни 0,84 ев­ра за ли­тар, a во Цр­на Го­ра за 1,09 ев­рa. Во Бу­га­ри­ја ди­зе­лот се про­да­ва за 1,06 ев­ра, а во Ал­ба­ни­ја за 1,09 ев­ра. Дизелот е најскап во Грција и во Ср­би­ја, каде еден литар чини 1,24 евра.

Најавата дека од идната година ќе се зголеми акцизата, а со тоа и цената на дизел горивото за 3,54 денари, ќе погоди голем дел од македонските возачи, но и компании. Дизелот е најупотребувано гориво во земјава, а бројот на возила со дизел- мотор постојано е во раст.

Според последните достапни податоци од Државниот завод за статистика, кои се однесуваат на 2105 година, во земјава се регистрирани 383.833 автомобили. Најголем дел или 209.122 се бензинци, а 163.038 се дизелаши. Уред за погон на авто- гас имале вградено 10.896 автомобили, а 33 од регистрираните биле хибридни и електрични возила. Во последниве неколку години има нагорен тренд на бројот на дизел- автомобили, од кои најголем дел се половни возила донесени од странство. Бројот на дизелашите во 2015 година е дуплиран во споредба со нивниот број во 2011 година, кога тој изнесувал 85.426 возила.

Статистичките податоци за потрошувачка на нафтени продукти за август оваа година, а кои се горе- долу идентични и во претходните месеци, најдобро илустрираат дека дизелот е најупотребувано гориво. Во овој месец се увезени 107.650 тони нафтени деривати  а од нив 57,7 отсто е дизел, кој се користи како погонско гориво за камионите, автобусите, градежни машини, но и за голем број автомобили. Моторниот бензин учествува со 12,4 отсто, а автогасoт (ТНГ) зафаќа 8 отсто во вкупната потрошувачка на нафтени продукти во Македонија.

(М.Б.)

Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи