Колкав дел од Русите би гласале за Путин, ако утре има избори
Објавено во: Свет 03 Март, 2016
Ако Владимир Путин повторно се кандидира за претседател во 2018 година, за него би гласале повеќе од 70 отсто од Русите, покажуваат резултатите од анкета на Серускиот центар за истражување на јавното мислење.
Според податоците за Путин би гласале 74 отсто од Русите, што е најголем процент во последните четири години.
Путин не се кандидираше за претседател во 2008 година поради ограничување на мандатот, но има право да се кандидира во 2018 година и да се бори за уште еден шестгодишен мандат.
Популарноста на Путин нагло се зголемила од руската анексија на Крим во март 2014 година