29 Април, 2024
0.0254

Кој заработи 2 милиони евра од продажба акции во „Македонијатурист“?

Објавено во: Економија 15 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Голема е веројатноста дека големиот македонски поп-композитор Григор Копров веќе „не пишува ноти“ за најголемата македонска хотелиерска компанија. Бројот на акции кои во петок беа истргувани на берза е идентичен на бројот на акции кои во „Македонијатурист“ ги поседуваше 80 годишниот композитор Копров

Сопственик на 20.708 акции во „Македонијатурист“ во петокот заработи 2,07 милиони евра од продажба на 4,58 отсто од акциите со право на глас во најголемата македонска хотелиерска компанија. Во една трансакција на тргувањето во петокот на 12 април беа истргувани акции за 2,07 милиони евра по пазарна цена од 5.150 денари за една акција.

Според бројот на акции голема е веројатноста дека своите акции во „Македонијатурист“ ги продаде долгогодишниот акционер и познат македонски поп-композитор Григор Копров.

Досега објавувани податоци од годишниот извештај на најголемата хотелиерска компанија покажуваат дека идентитен број акции со продадените има токму композиторот Копров. Тој долги години наназад беше четврт по големина акционер во „Македонијатурист“. Најголем акционер во таа компаније Доне Таневски, актелен претседател на Надзорниот одбор на „Македонијатурист“ и нејзин долгогодишен директор кој контролира 19,2 отсто од акциите со право на глас. Втор по големина акционер е Соња Бибановска која исто така беше долгогодишна директорка и сега е акционер што поседува 11,3 отсто од акциите. Трет акционер е задолжителниот пензиски фонд со кој управува „Сава пензиско друштво“. Идните пензионери кои штедат кај „Сава“ во „Македонијатурист“ поседуваат 8,8 отсто од акциите.

За тоа кој купил 4,58 отсто од акциите во „Македонијатурист“ можеби и ќе добиеме официјална информација. Но само ако купувачот го надмине законски пропишаниот цензус и стане сопственик на 5 отсто од акциите. Со тоа би го исполнил условот да биде квалификуван акционер и неговото име да биде објавено во јавно достапната база на Централниот депозитар за хартии од вредност. А тоа би било најрано идниот понеделник кога ќе се рефрешира базата на Централниот депозитар на Македонија.

Уште еднаш, да се повтори за да се запамети: што ја прави „Македонијатурист“ уникатна акција?

Сите кои разбираат инвестирање во хартии од вредност и вложувања се сложуваат дека „Македонијатурист“ од македонските компании е најдобра или една од најдобрите според тоа какво инвестициско портфолио има.

Фактите го потврдуваат тоа. Лани „Македонијатурист“ од своите вложувања во акции и инвестиции во депозити и други инструменти има финансиски прилив од дивидени и камати вреден 1,1 милиони евра. И приносот е за 13 отсто повисок од 2022 година.

Тоа е 5 отсто принос на нејзините вложувања во хартии од вредност кои според паричниот тек лани вределе 20,1 милиони евра.

Нето добивката на компанијата лани изнесува 1,57 милиони евра што е за 3 пати подобро од претходната година.

И што е голем плус за сите потенцијални инвеститори оваа компанија нема ниту денар долг кон банките по основ на заеми и кредити.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи