26 Април, 2024
0.0297

Кој во „корона“ со речиси преполовена продажба направи профит од 8,3 милиони евра?

Објавено во: Економија 05 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Мермерен комбинат е познат како голем извозник на мермер и на девизи (затоа што дели големи дивиденди,а странци поседуваат 99,2 отсто од акциите) лани имаше тешка година. Ограничувањата за физички патувања кои се нужни за проверка на квалитет на мермерот ги намали нарачките и продажбата падна за 14 милиони евра односно за 39 отсто. Тоа влијае негативно и на добивката, но сепак таа е на ниво што е посакувано за многу други компании и изнесува 8,3 милиони евра

Короната удри и врз работењето на прилепскиот Мермерен комбинат Прилеп компанија која важи за успешен извозник и дарежлив делител на дивиденди за своите акционери во изминативе години. Лани заради светската здравствена пандемија 22,2 милиони евра приход од продажба за 39 отсто послаб од претходната година кога од продажба, во доминантна мерка извоз, друштвото наплатило над 36 милиони евра.  Во образложението кое Мермерен комбинат го дава до берзата и е достапно на сервисот СЕИ – НЕТ пишува дека голем хендикеп за компанијата се физичките ограничувања за патување кои ги наметна ковид кризата. Затоа што за продажба на мермер неопходна била физичка проверка на квалитетот на мермерот што оди во извоз. Заради ограничувањата за патување и деловните партнери ги намалиле нарачките, а тоа е генерален односно светски тренд во продажбата на мермер.

Во услови на пандемија трошоците за работење на компанијата трошоците за продажба и административните трошоци (две најголеми расходни збирни ставки) не бележат значајно намалување во спредба на 2019 година. Административните трошоци останале на ниво повисоко од 1,5 милиони евра (всушност пораснале за 4 отсто), а трошоците за маркетинг и продажба пораснале за 1 отсто и изнесуваат 2,5 милиони евра.

Бруто добивката на друштвото лани е 8,8 милиони евра и тоа е за 61 отсто помалку од претходната година кога биле 22,3 милиони евра. Нето добивката на друштвото е 8,3 милиони евра и тоа е дури 59 отсто послаб резултат од претходната година. Добивката по акција е 1,77 евра односно 109 денари. И со овој значајно послаб резултат оваа компанија е една од најуспешните производствени фирми чии акции се тргуваат на нашиот пазар. Акцијата на Мермерен комбинат е слабо ликвидна и последен пат се тргувала кон средината на декември лани со просечна продажна цена од 2.500 денари за акција.

Обврските на друштвото на крај на 2020 година изнесуваат 2,2 милиони евра што е за 26 отсто помалку од претходната година.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти