29 Април, 2024
0.0248

Кој прави милиони евра во „Градот под Исарот“?

Објавено во: Економија 04 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Колкав бизнис потенцијал има Штип доволно говори фактот што во овој град лани осум компании имаат приходи поголеми од 10 милиони евра, а најголемата компанија е домашно поседувана, а не како што најчесто е случај најголемата фирма да биде една од странските гринфилд инвестиции Кумулативно осумте најголеми компании во Штип лани имаат комулативно приход од 190 милиони евра!

Штип е најголемиот град во Источна Македонија и нејзин политички, економски, културен, музички и спортски, образовен и здравен центар. Штип има универзитет, клинички центар, еден од најпознатите музички фестивали, го има најслушаното национално радио. Штип е и гурмански центар зашто цела Македонија, но и регионот ја знаат, признаваат и конзумираат штипската пастрмајлија. Градот во кој значаен белег оставил Гоце Делчев, најголемиот наш револуционер, а во него се родени и делувале и најголемиот војвода на организацијата контроверзниот Тодор Александров и „гуруто“ на балканскиот тероризам Ванчо Михајлов.

 Штип е горд како град во кој е роден еден од најголемите македонски поети Ацо Шопов. Во модерната историја на Македонија Штип е градот што дал еден претседател и еден премиер на нашата независна држава, еден голем генерал, еден светски признат кардио хирург, но и мнозина општественици, дејци и творци. Штип е градот што изнедрил носител на олимписки медал во борење слободен стил, а го трасирал и патот на ексјугословенската фудбалска легенда Шекуларац кој играл во штипска „Брегалница“.

Но Штип не е македонски Манчестер, а можеби некогаш бил. Штипската економија порано била базирана на текстилните гиганти и нивните добавувачи и супортери. Сега сликата е многу поразлична иако Штип и сега има силна текстилна индустрија. Но сега доминираат силната метална индустрија, еден од најголемите национални малопродажни ланци, национален кабелски и интернет оператор, големи дистрибутерски и трговски компании. Штип има и неколку големи и силни компании за логистика и за товарен транспорт.

Најголемата штипска компанија лани (според остварени приходи) е КИТ ГО, ланец супермаркети претежно застапен во источните, јужните и централните региони во земјава кој оствари приход од 54,2 милиони евра. Добивката за лани изнесува 1,65 милиони евра.

Втора по големина лани е странската директна гринфилд инвестиција Адиент Сеатинг (поранешен Џонсон Контролс н.з.). Оваа фирма оперира во штипската слободна индустриска зона ТИРЗ и лани има приход од 30 милиони евра и профит од 1,5 милиони евра. 


Актива е најголемата штипска компанија од металната индустрија и една од најбрзорастечките фирми во тој регион. Нејзините приходи лани изнесуваат 28,9 милиони евра, а остварениот профит изнесува 2,7 милиони евра.


Голема трговска компанија на која можат да и позавидат многумина во земјава е штипскиот дистрибутер на скопска „Пивара“. Компанијата која е во сопственост на штипјанецот Љупчо Манџуков „Еко Оаза Скопско“ лани остварила приход од 27,1 милиони евра и профит од 866.000 евра.

Следува текстилниот гигант „Техникал Текстајлс“ во сопственост на странскиот државјанин Јенс Бруно Вендланд. Оваа компанија лани имала приход од 13,9 милиони евра и профит од 2,8 милиони евра. Оваа компанија има најголем профит во апсолутен износ од сите рангирани компании.


Следува штипската трговска компанија „СЕТ Унион“ на локалниот бизнисмен Костадин Дрваров. Оваа фирма лани остварила приходи од 12,4 милиони евра и добивка од 150.000 евра.


Веднаш до неа е приходот на еден од најпознатите кабелски провајдери на услуги „Роби ДООЕЛ“ сопственост на штипскиот бизинисмен Роберт Димитров. Неговата компанија лани приходувала 12,3 милиони евра и остварила профит од 2,5 милиони евра.


Во најголемите фирми е и една од најголемите логистички фирми „Квенбергер Логистик“ странска компанија чиј сопственик е фирмата „Кухенбергер Источна Европа“ и нејзина примарна дејност е поддршка извозните и увозните операции на штипските текстилни компании. Нејзиниот приход лани е 10 милиони евра, а добивката изнесува 117.000 евра.

Дека и жените во Штип се успшени во бизнисот докажува и компанијата „Стел Импекс“ во сопственост на Ружа Јорданова. Оваа трговска компанија лани има промет од 8,3 милиони евра, а остварила добивка од 687.000 евра.

Во големите штипски компании влегуваат транспортни и текстилните фирми. Од поголемите текстилни тука се ЕАМ со приход од 3,6 милиони евра и добивка од 573.500 евра, „Албатрос“ со 3,9 милиони евра приход и добивка од 78.000 евра и „Линеа“ со приход од 1,8 милиони евра. Од транспортните компании во групата најголеми се: „Балекс“ со приход од 3,5 милиони евра и добивка од 109.000 евра, „Змајпромет“ со приход од 3,25 милиони евра и профит од 380.000 евра и „Грдовјанка“ со приход од 2,4 милиони евра и добивка од 232.000 евра.


Според критериумот учество на профитот во приходот лани најуспешна штипска компанија е „Езимит вино“ иако по прометот е далеку зад најголемите фирми. Познатата штипска винарија лани остварила приход од 1,1 милиони евра, а профитот изнесува 50 отсто  од приходот односно 550.000 евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа