19 Мај, 2024
0.0285

Кој му е крив на Трамп за поразот во првата претседателска дебата?

Објавено во: Свет 29 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Доналд Трамп ги обвини пребарувачот Гугл и водителот на ТВ дебатата со Хилари Клинтон, за своето лошо претставување во понеделникот.

Веднаш по првиот предизборен дуел, анкета на Си-Ен-Ен покажа само 27% поддршка за кандидат-претседателот на републиканците против 62% за Клинтон. На митингот во државата Висконсин, милијардерот најави дека американскиот пребарувач е во сојуз со кампот на Хилари и го манипулирал во нејзина корист уредувањето на резултатите од пребарувањето. Гугл ги „враќа назад“ негативните наслови за кандидатката на демократите, а ги вади напред позитивните. 

Изворот на ова тврдење е блиско до руската агенција „Спутник“, блиска до Кремљ, која објави такво соопштение недела пред дебатата, пренесе Си-Ен-Ен. Трамп го обвини и водителот на ТВ дебатата, Лестер Холт дека работел за Хилари и против него. 

- Тој беше многу поостар со мене отколку со г-ѓа Клинтон, рече тој во интервју за Фокс ТВ. 

Во меѓувреме Форбс го процени личното богатство на кандидатот на републиканците за Белата куќа и утврди дека тоа се „стопило“ за 800 милиони долари од 2015 година. Според списанието, статусот на магнатот, акумулирано главно од бизнисот со недвижности, изнесува 3,7 милијарди долари. Загубата се должи главно на падот на пазарот на недвижности во Њујорк. 

На дебатата во понеделникот Трамп рече: „Јас имам огромен приход ... Време е оваа земја да ја управува некој кој се разбира со парите“. 

Нова анкета на ТВ Ен-Би-Си покажа дека 27 отсто од жените во САД имаат негативно мислење за Доналд Трамп по дебатата, а 30% изјавиле дека ги имаат подобрено своите впечатоци за Хилари Клинтон.


Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто