17 Мај, 2024
0.0270

Кој извади најмногу пари од дивиденда?

Објавено во: Економија 06 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Тројца грчки акционери земаа дивиденда во вкупен износ од 42,7 милиони евра, а тие се банкарската групација НБГ најголемиот акционер во „Стопанска банка Скопје“, цеметарската корпорација „Титан“ која до псоедува скопски УСЈЕ и прилепскиот мермерен комбинат  „Стоун воркс Холдинг Кооператив“ сопственикот на прилепскиот Мермерен комбинат

И годинава најдобитни акционери од странските сопственици на македонски фирми се јужните соседи. Две грчки и една словенечка компанија и оваа година земаа најголеми дивиденди од нивните аквизиции во земјава.

Станува збор за сопствениците на една од двете најголеми банки „Стопанска банка Скопје“ и за единствената македонска цементарница „Усје“ и за словенечкиот акционер во НЛБ Банка Скопје. Во големата четворка е и македонската експозитура „Каменимост комуникации“ преку која најголемиот европски оператор „Дојче Телеком“ го контролира најголемиот македонски телекомуникациски оператор „Македонски телеком“. 

Сите горенаведени компании се традционално компании кои делат стабилни и солидни или високи износи на дивиденди за нивните акции. 

Најдобитен странски акционер во македонска компанија е грчката НБГ банка која е мнозински акционер во „Стопанска банка Скопје“. Оваа голема грчка банка минатиот месец на своето конто инкасира 28,075 милиони евра дивиденда од „Стопанска банка Скопје“. Најголемиот акционер во „Телеком“ – компанијата „Каменимост комуникации“ за ланската добивка на Македонски Телеком инкасираше дивиденда од 13 милиони евра. Кај нашата Влада односно на сметката на буџетот завршија 8,8 милиони евра.

„УСЈЕ“ на својот најголем акционер грчкиот производител на цемент „Титан“ му исплати 11,9 милиони евра дивиденда за ланското успешно работење. 

Во големата четворка е и големата македонска деловна банка „НЛБ Банка Скопје“.  Таа компанија на својот најголем акционер словенечката државна банка „НЛБ“ и додели дивиденда од 6,73 милиони евра.

На петото место на листата на најдобитни компании е и прилепскиот Мермерен комбинат кој на својот најголем акционер „Стоун воркс Холдинг Кооператив“ му додели дивиденда од 2,76 милиони евра. 

Шести добитен акционер е „Виена иншуренс груп“ аквизитер на „Македонија осигурување“ кој издвои 680.000 евра во дивиденда од својата добивка во 2017 година. На седмата позиција е „Охридска банка“ која е дел од групацијата на „Сосиете женерал“ и која носи дивиденда од 383.500 евра за минатата година.

Р. Ф. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА