29 Април, 2024
0.0268

Кој и зошто си купи акции во ТТК Банка за 860.000 евра?

Објавено во: Економија 02 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Акцијата на малата банка направи промет од 860.000 евра, а поважно е тоа што се истргуваа речиси 10 отсто од сите акции, што е значаен промет за период од еден месец..

Акцијата на ТТК Банка во период од еден месец наназад е во фокус на инвеститорската јавност. Од 2 октомври до вчера (1 ноември) се истргувани околу 10 отсто од акциите на оваа банка и за тоа се платени речиси еден милион евра. 

Што се шпекулира?

Во инвеститорската јавност се поделени во шпекулациите. Едната теза е дека катализатор за зголемениот обем на тргување е можната продажба на оваа банка на стратешки партнер кој има за цел да се окрупни на македонскиот банкарски пазар. Во прилог на нивната теза одат шпекулациите за групирање на македонскиот банкарски пазар генерално, а конкретно со ТТК Банка тоа што пазарната цена на нејзината акција е значајно пониска од нејзината книговодствена вредност. По тој параматар ова е една од двете банки чии акции се тргуваат на пазарот во вакви услови. Другата теза што се шпекулира во јавноста е дека растот на интересот за таа акција е инспириран само од очекувањата тековната година да ја заврши со солидна дивиденда, а наскоро треба да биде објавен кварталниот финансиски извештај во кој се очекува позитивен резултат.

Дополнително на тоа аргумент на подржувачите на тезата за дивидендата е тоа што „Тетекс“ најголемиот акционер на ТТК Банка постојано дели дивиденда и тоа во солидни износи, а последната година најголем дел од неговите финансиски приходи се остварени од дивидендата што ја оствари од ТТК Банка. Тој износ според официјален податок на „Тетекс“ изнесува над 34 милиони денари.

Токму фактот дека „Тетекс“ е најголем акционер со над 44 отсто од правата на глас, според таа теза, укажува на тоа дека ТТК Банка и за оваа година ќе подели солиден износ на дивиденда на своите акции. Според официјалните податоци таа банка од ланската добивка подели 82 денари дивиденда по акција што во периодот на објавата на информацијата беше принос повисок од 10 отсто во споредба со тогашната пазарна цена на таа акција.

Засега е познато само тоа дека најголем број од истргуваните акции продаде „Жито Полог“ и тоа околу 40.000 акции. Најголем број од нив беа продадени на 2 октомври кога по цена од 720 денари за акција беа истргувани 36.058 акции. Наредниот ден беа продадени уште 1.880 акци по истата цена. Вчера беа иструвани 37.023 акции со право на глас што е 4 отсто од сите гласови. Цената по која беа истргувани овие акции е 695 денари за акција, а прометот е 25,73 милиони денари. Наскоро може да биде објавено кој е продавач на акциите, а можеби идната седмица ако станува збор за ист купувач на акциите тргувани вчера и на 2 октомври можеби и ќе се знае кој е нов акционер во ТТК Банка.

На крајот на вчерашниот трговски дена акцијата на ТТК Банка во класично тргување достигна 780 денари што е значајно повеќе од цената што беше постигната во блок трансакцијата во која беа истргувани 37.023 акции. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто