02 Мај, 2024
0.0314

КОЈ Е КРИМИНАЛЕЦ А КОЈ ЧЕСЕН - Милошоски и Мукоски си кажаа тешки „думи“

Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Некогаш блиски сопартијци, денеска во Собранието си пуштија жестоки стрели. Крсто Мукоски и Антонио Милошоски си кажаа тешки „думи“ меѓусебно. 

Прво од собраниската говорница Милошоски потесети на промените во ставот на СДСМ за Мукоски пред и после неговиот премин во Независната пратеничка група. Тој кажа податок дека неговата фирма од власта на СДСМ има добиено тендери во износ од четири милиони евра.

„Некои луѓе, на кои Крсто Муковски им ја отвори вратата на НАТО, се уште се во затвор и нивните семејства и нивните деца немаат татковци како што имаат неговите. Зошто? Затоа што гостподинот Крсто Мукоски одлучил да ги изневери граѓаните кои што го гласале и за него Зоран Заев вели дека Крсто Мукоски знае на вистински начин да преговара за законот за јавно обвинителство за разлика од Кристијан Мицкоски“, рече Милошоски.
Мукоски му возврати. Рече дека неговата семејна фирма „Атриум“ работи од 1974 година во Словенија и добивала и тогаш и сега тендери. 

„Ова што денеска го кажувате е типичен пример на уплашен човек, човек криминалец, кој знае дека еден ден ќе треба да одговара. Многу ми е жал за ВМРО ДПМНЕ денес е заложник на двајца – тројца криминалци како вас и се претвори во партија како Златна Зора во Грција или Радикалите на Шешељ. Тоа не беше фундаментот на партијата од основањето“, рече Мукоски.

Според него, што се однесува до 27 април, „Крсто Мукоски за таа несвесна грешка си го одлежа своето. Жалам што такви како тебе, што ги упатуваа горе луѓето, да го направат тоа што го направија, а ќе ве потсетам на една изјава што беше дадена од сведок што во моментот е во бегство: – Не барајте го Љубен Арнаудов,качете се горе, целта е Заев. Жалам што такви како тебе не одговараат“, говореше Мукоски.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање