29 Април, 2024
0.0422

КОГА НА ДРЖАВАТА Ѝ ТРЕБААТ ПАРИ, ДОМАШНИТЕ БАНКАРИ ТРИЈАТ РАЦЕ - ново задолжување од 50 милиони евра, еве колкави се каматните стапки

Објавено во: Финансии 16 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Ново задолжување на државата кај домашните банки се случило во претходните денови, а формата е издавање на државни обврзници.

Сума од 50 милиони евра е земена сега, а ќе им се враќа во следните 15 години на кредиторите кои и зајмат на државата на домашен терен, а тоа се претежно комерцијалните банки, но и пензиските фондови, на кои ова им е најсигурен начин за вложување на нивните пари, бидејќи гарант е државата, а со оглед на високата каматна стапка, станува збор и за доходовно вложување, бидејќи им се слеваат огромни суми на каматни приходи.  

Берзата вчера извести дека кај неа дошле на котација две државни обврзници издадени од Министерството за финансии, од кои едната на сума од нешто повеќе од 40 милиони евра, додека другата, пак, близу 10 милиони евра.

Заеднично за двете обврзници е дека парите се земени сега, а ќе се враќаат дури до 2039 година.

Каматните стапоки, и покрај благото попуштање, не се воопшто ниски и ја задржуваат границата над 5 проценти, што говори дека и натаму ќе следува голем државен трошок на име на исплаќање на камати кон домашните кредитори.

Да одиме со ред.

Стартувајќи од денеска, како што извести Берзата, на Официјалниот пазар на потсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници без девизна клаузула, со вкупна вредност на емисијата од 40,1 милиони евра. Тие биле издадени на 12 април, а ќе достасаат целосно на истиот датум во 2039 година.

Нивната каматна стапка е 5,6 отсто, што е повеќе дури и од просечната каматна стапка која за земените кредити ја плаќаат компаниите и граѓаните во земјава.

Вториот вид на хартии од вредност кој се емитува се државни обврзници со девизна клаузула, и со вкупна вредност на емисијата од 9,42 милиони евра. Издадени се и достасуваа исто на 12 април 2039 година.

Нивната стапка е само малку пониска, или 5,35 проценти, што повторно говори дека влегувањето во задолжување за да се покрие буџетскиот дефицит, се повеќе ја чини државата.

Сепак, треба да се има предвид дека во најкризните моменти на највисоки каматни стапки, беа издавани и државни обврзници со камати од над 6 проценти.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?