29 Април, 2024
0.0270

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

Објавено во: Економија 16 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Лично тој продавал сирења и кашкавали на тезга на Зелено пазарче, каде што работел заедно со неговиот брат. И од тоа имало добра заработка, која потоа се инвестирала во еден од најдобрите македонски млечни брендови „Здравје Радово“. Кога го продава, пак, и излегува оттаму, има на располагање два до три милиони евра, кои ги инвестира во „Кораб Трница“, млекара и ресторан. Сега тоа го работи неговиот син, а тој работи и инвестира во градежниот бизнис.

Во новиот подкаст на Фактор, „Бизнис муабети“, ја пренесуваме ексклузивната животна приказна и развојот на деловната активност на познатиот македонски бизнисмен Јован Дабевски.

Сега ќе ви откриеме само дел, а целиот разговор на познатиот водител Мишко Иванов со Дабевски ќе можете да го проследите во петок.

„Јас од 1987 до некаде 2002 година, значи некои 14 до 15 години, се занимавав со трговија на млечни производи. Тоа беа едни други времиња. Отворав увозни пазари - од Унгарија, Србија, Литванија, Молдавија, Грција, Бугарија... И еден по еден паѓаа, како ќе успеев да го пробијам како бренд. Меѓутоа, тоа беше тогаш едно тешко време. Се затвораа големите синџири, ако ги паметите, како што беа Центро, Славија и други. И јас тие млечни производи, како што се сирења и кашкавали, ги продавав на пазари, односно сам продавав на Зелено пазарче. Така што, како ќе го отворев еден пазар, со увоз на производи од таа земја, продажбата си одеше, потоа паѓаше брендот, влегуваа други... Тогаш во тоа време беа многу високи царините, најмалата беше 40 отсто, па одеа нагоре... А кога влегуваа сериозни играчи, да шверцуваат, јас се повлекував, барав нов пазар и така натаму... Тој период беше период на падови и растови“, се потсетува Дабевски.


А на прашањето на Иванов дали лично тој стоел на тезга и продавал, Дабевски со гордост одговара потврдно.

„Петнаесет години бев како трговец и како продавач на зелен пазар, таму работевме заедно со брат ми. И јас кога ја напуштив претходната компанија, успеав да имам богатство од тогашни 200 илјади марки. Со тоа почнав да го градам ‚Здравје Радово'. Овде правам како една паралела на секои 15 години. Кога излегов од ‚Здравје Радово' јас имав пари во џеб некаде меѓу два или три милиони евра. И во истиот момент сите ги реинвестирав во „Кораб Трница“.


На прашањето колку тежи Јован Дабевски, тој вели:

„Ќе ви одговорам директно, пред две години го дуплирав моето богатство, значи тоа сега тежи двојно повеќе“.

Следете ги секој петок „бизнис муабети“ само на порталот Фактор. 

Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи