30 Април, 2024
0.0830

КОГА ИМА ГОЛЕМ ПРОФИТ, ИМА И ЗА ДОБРИ ДИВИДЕНДИ, А И ЗА НАГРАДИ И РЕЗЕРВИ - која скопска компанија и како ќе дели 417 илјади евра

Објавено во: Економија 15 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Одлична дивиденда ќе добијат акционерите на РЖ Техничка контрола. Компанијата која се занимава со физичко-хемиски и металуршки испитувања од областа на индустријата, рударството и металургијата, својата одлуката за исплата на дивиденда ќе ја потврди на акционерското собрание, кое е закажано за 15 мај оваа година.

Акционерите ќе гласаат за повеќе предлог одлуки, меѓу кои најинтересна е онаа за исплата на сосема солидна дивиденда од добивката која е остварена во текот на минатата година.

Компанијата РЖ Технички услуги, која се формираше во 1997 година од некогашните Рудници и железарница, може да се пофали дека лани сработила и повеќе од одлично, а како што објаснуваат во својот годишен извештај, кој исто така ќе биде усвоен на годишното акционерско собрание, тоа се должи на зголемениот обем на нивното работење.

Или, оваа компанија минатата година ја завршила со чист профит од над 417 илјади евра, што е повеќекратен раст или за над 1.000 проценти во однос на 2022 година, кога тоа акционерско друштво профитирало со само 37 илјади евра. Заслужуваат пофалби за солидниот резултат, а наградата од големата добивка од близу половина милион евра ќе ја добијат и акционерите во форма на дивиденда, но и вработените за кои се предвидуваат солидни награди, а ќе се издвои и сума на солидни резерви.

Но, да одиме со ред. Од добивката која за минатата година изнесува 417 илјади евра, за исплата на дивиденди компанијата ќе подели близу половината, или 185 илјади евра.

Притоа, дивидендата во бруто износ по акција ќе изнесува 60 денари, што е повисок износ од минатата година, кога таа беше 50 денари бруто по акција. Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциска сметка на акционерите. Датумот на евиденција според кој ќе се определи листата на акционери кои имаат право на дивиденда е 30 мај, последен ден на тргување со право на дивиденда е 28 мај, а прв ден на тргување без право на дивиденда е 29 мај оваа година. Дивидендата ќе се исплати во законски предвидениот рок, најдоцна до 30 септември годинава.

Согласно податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност, во РЖ Технички услуги има двајца акционери со акции над 5 отсто од капиталот, и тоа Бошко Угриновски, кој поседува 23,02 отсто од акциите, и кој е прв човек на Одборот на директори, како и Огнен Начевски, кој поседува 5,25 отсто од акциите.

Во компанијата има уште 3.018 акционери домашни физички лица, кои заедно имаат 58,4 отсто од акциите, 7 домашни компании кои поседуваат заедно 11,3 проценти од акционерскиот капитал, како и 13 странски физички лица, кои располагаат вкупно со 2 отсто од акционерската структура на компанијата.  

Согласно акционерскиот процент и сумата на дивиденда која ќе се исплатува, Бошко Угриновски би добил на име на дивиденда околу 42 и пол илјади евра, а Начевски безмалку 10.000 евра по таа основа. 

Но, и сите други акционери ќе добијат солидни суми, сразменрно со процентот на своите акции, кој не може да се види на ЦДХВ, бидејќи се под 5 отсто. 

Потоа, сума од 57 илјади евра е планирана за награди за вработените, додека, пак, солиден износ од околу 176 илјади евра ќе задржи во форма на резерви за наменски издатоци.

А, она што е интересно е и дека неизвршните и независните бчленови на Одборот на директори ќе добијат паричен надоместок од по 80 илјади денари за секого или по околу 1.300 евра, и тоа е исто така една од одлуките за која ќе гласа Собранието на акционери.

„Се определува поединечен износ од 80.000 денари за неизвршните и независни членови (освен вработените) на Одборот на директори по основ награда за учеството и работењето во Одборот на директори за деловната 2023 година“, се вели во предлог одлуката.

Друштвото, како што стои во нивните извештаи, има добиено меѓународен сертификат ИСО 9001:2000 за тестирање на минерали, руди, метали, легури и горива, механичко и металографичко тестирање на челични и метални производи и сертификат МКС ЕН ИСО/ИЕЦ 17025:2006 за тестирање на механички карактеристики на метали, хемиски состав на метали, физичко-хемиски карактеристики на цврсти горива, хемиски состав на почви и вештачки ѓубрива. Ова, како што велат оттаму, е гаранција дека тестирањето е во согласност со условите и барањата на највисоките светски стандарди. 

Нивен најголем партнер е „Макстил“, но нивните услуги ги користат и Либерти, ЕСМ, односно РЕК Битола и РЕК Осломеј, Титан Цементарница Усје, градежната оператива, увозниците на минерални ѓубрива и други.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи