Коѕијас: Јасно му кажав на Нимиц да не ја опишува политиката на Атина
Објавено во: Балкан 03 Февруари, 2018
Грчкиот прв дипломат Коѕијас реагираше на изјавите дадени од страна на Метју Нимиц дадени за време на посетата на Скопје со која ги пренесува грчките ставови и позиции во текот на преговорите.
„Имав долг разговор со специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц, кој се врати од Скопје. Јасно и строго му нагласив дека не е во негова надлежност да зборува која е политиката на Атина, а уште помалку, да ја опишува некоректно”, пишува во изјавата на Коѕијас, објавена на сајтот на грчкото Министерство за надворешни работи.
Коѕијас додава дека, според информациите што ги добил за разговороите на Нимиц во Скопје, јасно ставил до знаење дека преговорите може да се водат единствено врз база на она што е договорено во Давос.
Грчкиот шеф на дипломатијата ги поздрави изјавите на вселенскиот патријарх Вартоломеј кој повика на воздржаност и мудрост, како и на одговорност од страна на Црквата, со цел ова чувствително прашање за името да се реши мирно и мудро.