17 Мај, 2024
0.0307

Ќе успее ли Анѓушев да го стартува проектот Чебрен по повеќе од 22 години чекање?

Објавено во: Економија 08 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Кочо Анѓушев, вицепремиерот за економски прашања, вчера во Белград потврди дека долгонајавуваниот проект Чебрен ќе заживее до крајот на годината.

- После долги години и многу дискусии очекувам реализација на неговиот почеток до крајот на годината. Треба да биде имплементиран во нашиот систем на енергетика и водостопанство - рече Анѓушев.

За Можностите за финансиска поддршка за овој проект вчера во Белград се разговараше со претставници на IFC, дел од групацијата на Светска Банка.

- Конкретно стана збор за проекти за јавно-приватно партнерство за хидроелектраната Чебрен, за проекти за управувањето со отпадот, односно еколошките аспекти и производство на енергија од отпад, како и за можноста за јавно-приватно партнерство во здравствениот сектор, концепт што е застапен во развиените земји. Очекуваме во рок од 2-3 недели да пристапиме кон активности со кои ќе го откочиме проектот за изградба на ХЕ Чебрен, значаен проект во поглед на производство на електрична енергија, но и за наводнување и водоснабдување - дообјасни вицепремиерот.

Лани премиерот Зоран Заев наведе дека очекува банките да понудат поволни кредити. Во спротивно, земјава ќе биде принудена да обезбеди пари однадвор.

– Преку десетици пати тендери не успеаја. Тргнавме на една реалистична основа. Проценката на инвестицијата е околу 220 милиони евра. Убедени сме дека ЕЛЕМ како главен столб на производството на електрична енергија, може да го понесе овој капацитет заедно со Владата и сите институции. Би влегол во преговарачки процес со сите банки. Очекуваме да формираат конзорциум и сите да пласираат средства, се надевам конкурентни зошто не ни е обврска да земеме од дома пари. Ако не дадат доволно евтини камати, ќе земеме пари од надвор, но верувам дека ќе може да бидат конкуренти, објасни Заев по потпишувањето на Годишната програма за вработување.

АД „Електрани на Македонија“ пред повеќе од две години објави повик за економски оператор за изработка на предфизибилити студија за енергетските проекти „ХЕЦ Чебрен“ и ХЕЦ „Галиште“.

Основна задача на студијата е да се разгледаат можните варијанти за оптимално хидроенергетско искористување на водниот потенцијал на Црна Река и да се избере најповолната варијанта за реализација на двата значајни зафати.

- Експлоатацијата на хидропотенцијалот на Црна Река е од посебен интерес за Република Македонија поради можноста за складирање на водата, којашто, пак, би се чувала за производство на електрична енергија во периоди од годината кога е најпотребно, наведоа од АД ЕЛЕМ.

Епилогот на овој проект се чека повеЌе од 22 години. Досега имаше дузина тендери за изградба на двете електрани.

Можеби ќе ве интересира

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП