04 Мај, 2024
0.2381

ЌЕ КУРТУЛАТ ДОНЕСЕНИТЕ СПОРНИ ДУПОВИ - за Расадник планот уште не е донесен и сега е моментот да реагираат граѓаните

Објавено во: Македонија 17 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Деталните урбанистички планови, како оној во Ѓорче Петров, за кои имаше големи протести и незадоволство од граѓаните во тие општини, нема да можат да бидат сменети со новиот Закон за урбанистичко планирање, кој е донесен и стапен во сила, ниту со новиот Правилник, кој денеска беше потпишан од новиот министер за транспорт и врски Благој Бочварски.

Како што рече Бочварски, правилникот е за ставање ред во урбанизмот. 

„Во него има строги регулации за донесување на урбанистичките планови, кои меѓу другото, предвидуваат и двојно гласање во советите на општините. Граѓаните мора да бидат вклучени при носењето на ДУП-овите. Со овој правилник се прави сериозна регулација на просторот, така што веќе преку урбанизмот нема да се врши узурпација на просторот“, нагласи Бочварски.

Но, на прашањето дали веќе донесените ДУП-ови ќе може да се сменат, министерот одговори дека донесените ДУП-ови се стапени на сила, и изгласани на советите. Тоа, според Бочварски, е последниот чекор.

„Овој правилник ќе важи за сите идни ДУП-ови“, рече Бочварски, нагласувајќи дека сепак, општините имаат ингеренции да ги менуваат дуповите.

За ДУП-от во Расадник, каде се предвидува изградба на 90-тина згради, Бочварски има информации дека планот уште не е донесен, и сега е моментот, вели, таму да реагираат граѓаните и тој да се усогласи со нивните потреби.

„Кога планот ќе биде усогласен, доаѓа кај нас на согласност, каде ние технички ја гледаме усогласеноста со законите, но не навлегуваме во ингеренциите на општините. Досега не дозволивме да поминуваат ДУП-ови на брза лента. Сега за овој план треба да се вклучи фелата и да се донесе најдобриот план за Расадник“, рече Бочварски.  

За законот за дивоградбите, пак, министерот кажа дека имаат реален проблем на теренот со овие објекти. 

„Нема како Влада да дозволиме проблемите да ги ставаме под тепих. Имаме сет мерки како овие појави да се искоренуваат. Првиот чекор е со сериозните казнени пенали од 50 отсто над вредноста отколку ако градбата се легализирала по нормален пат. Втор чекор е зајакнување на инспекциските служби и сериозни казни“, потенцира министерот.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“