29 Април, 2024
0.0364

ЌЕ ИМА ЛИ МЕГА БУЏЕТ ЗА ПЛАТИ И ПЕНЗИИ - Владата ќе го каже конечниот збор

Објавено во: Економија 12 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Како никогаш досега коментиран и „пробиен“ уште пред да биде официјално стокмен, Предлог Буџетот за идната година денеска е повторно пред министрите во Владата. Но, оваа „втора среќа“ мора да биде и последна - државната каса мора да биде усвоена на владината седница, со цел да се „фати“ законскиот рок.

Од Владата најавуваат дека седницата ќе почне рано, па затоа и прес-конференцијата за Буџетот би требало да се одржи во претпладневните часови. Но, се зависи од тоа колку долго ќе се „пеглаат“ недоразбирањата, со оглед што на претходната сесија очигледно ги имало многу, штом Буџетот не се донесе. 

Она по што секако ќе се памети овој Буџет, е дека уште пред официјалното обзнанување, настана своевиден хаос од протечени информации, но и шпекулации, за кои од Владата не се потрудија да ги расчистат нејаснотиите. Колку ќе тежи, за што ќе се одвојат пари, кој колку барал, сето тоа одеше во етерот, очигледно пласирано од министри или функционери согласно своите преференции.

А државната каса вчера попладнето веќе имале можност да ја видат бизнис заедницата, невладиниот сектор, синдикатот и експертската јавност, на состанок во Финансии на кој ги викнала министерката Нина Ангеловска. Новинарите не беа поканети, а за средбата дознаа од соопштението од Министерството за финансии.

„Во фокус на Предлог-буџетот за 2020 година ќе бидат инвестициите во човечки капитал, односно во подобар здравствен, образовен и социјален систем и силна поддршка за раст на реалниот сектор“, соопштија од Финансии.

Она што оттаму не го кажаа, но затоа излегоа бројки во јавноста, се дека Буџетот за идната година ќе тежи 3,9 милијарди евра, откако претходно бил разгледуван многу поголем износ, дури 4,4 милијарди евра. Сепак, финалниот збор треба да го кажат од Владата. 

Телевизијата Алсат, пак, објави дека најверојатно од стартот на идната година пензиите ќе пораснат за 700 денари за сите пензионери, што годишно ќе ја чини буџетската каса 44 милиони денари. Пари во буџетот, покрај за зголемените пензии, треба да има и за субвенциите за придонесите, за раст на платите на просветрите за 10 отсто што ќе стартува од први јануари, а од февруари и лекарите-специјалисти ќе добијат повисоки плати за 25 отсто, односно 10 до 12 илјади денари повеќе. 

Првата финансиерка деновиве веќе откри дека буџетскиот дефицит за 2020 година ќе биде 2,3 отсто, како и дека овој буџет ќе базира на предвиден економски раст од 3,8 проценти. Секако дека ќе има нови задолжувања, а денеска власта ќе соопшти колку точно пари ќе се земат од странство, а колку од домашниот пазар.

Откако ќе биде усвоен од Владата, Буџетот треба да влезе во собраниска процедура.

( Н.Н.Ф.)

Можеби ќе ве интересира

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја