17 Мај, 2024
0.1210

Ќе го разрешат ли Велковски-блискиот соработник на Заев и Спасовски а наследник на Чавков?

Објавено во: Економија 14 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Ќе биде ли разрешен Лазе Велковски од челното место на БЈБ кој дојде во министерството за внатрешни како наследник на Митко Чавков.

Ова прашање во јавноста се врти по скандалот кој го фати блискиот соработник на премиерот Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Лазе Велковски, директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), се соочува со отказ од Владата на РМ по превезувањето на неговата ќерка со службено полициско возило на одмор во Грција а дека е направена повреда на  на процедурата за службено патување потврдии самата истрага на МВР.

Денес на владина седница ќе се најде токму предлогот за разрешување на Велковски кој во текот на работната кариера извршувал работни задачи на повеќе позиции во Министерството за внатрешни работи и Агенција за разузнавањеб и тоа: Водич на безбедносен сектор во МВР  до 1992; командир на полициска станица за безбедност во патниот сообраќај; виш инспектор за дежурни служби до 2001 година; заменик командир на полициска станица за безбедност во патниот сообраќај во Скопје, помошник за работи на полиција (шеф на униформирана полиција) во Скопје до 2003 година, началник на СВР-Велес до 2004 година; помошник директор воедно и шеф на кабинет на директорот на БЈБ до 2004 година, бил директор на БЈБ во МВР до 2004 година.

Во Агенцијата за разузнавање бил распореден на повеќе работни места како главен оперативен разузнувач… До 2002 год. бил припадник на ПЕП (Посебните едниници на полиција) при што учествувал  во многубројни акции и операции при нарушен јавен ред и мир, посетувал обуки поврзани со професионалниот ангажман.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА