08 Мај, 2024
0.0284

Ќе го разбудат ли дизел-увозниците обвинителот Јовески?

Објавено во: Македонија 05 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

На презентација на новиот Закон за енергетика големи увозници барале да се изедначат акцизите на дизелот и на нафтата за домаќинство зашто дале примери дека се прави штета на буџетот и се создава нелојална конкуренција. Ќе постапи ли конечно некој од државните органи што ги плаќаме за да одржуваат ред, правен поредок и лојална конкуренција?

Големи компании увозници на нафтени деривати јавно побарале од претставници на министерствата за финансии и за економија да се изедначат акцизните давачки на дизел горивата и на нафтата за домаќинство. Тие на официјални лица на двете министерства им кажале отворено дека со тој потег ќе го намалат просторот за злоупотреби и затајување што некои увозници го прават кога декларираат нафта за домаќинство, а увезуваат дизел гориво. Ова било порака до официјалните државни лица на дебата на која биле поканети претставници на компаниите за новиот Закон за енергетика, пренесуваат медиуми. Како што се наведува увозниците истакнуваат дека сомневаат во капацитетот на пазарниот инспекторат во делот на контролите на тоа што се декларира како дизел, а што како екстра лесно гориво односно нафта за домаќинство.

Ова е второ јавно обвинување дека во Македонија постои злоупотреба кога се увезува дизел гориво и се декларира нафта за домаќинство односно екстра лесно гориво. Со тоа се прави директна штета на државниот буџет затоа што оваа државна давачка е значајно пониска за нафтата за домаќинство од таа што се плаќа за дизел гориво.

Досега никој од државните надлежни органи не превзеде мерки согласно член 272 од Законот за кривична постапка кој дефинира дека по допрен глас треба да реагира државното јавно обвинителство. „Фактор“ пред десетина дена јавно го покани новиот обвинител Јовески да каже дали ќе покренат некакви дејствија по прес конференцијата на првиот човек на „Макпетрол“ кој уште во септември јавно кажа дека највисоки државни органи контролираат криминал со нафтени деривати. Јовески не не удостои со никаков одговор. Толку за транспарентното работење и отчетноста...  Да не излезат во право оние што уште тогаш го критикуваа предлогот заменикот на Зврлески да дојде на негово место?

Повеќе на оваа тема може да прочитате на следниoв линк:

Зошто „Макпетрол“ е првиот тест за новиот јавен обвинител Љубомир Јовески?

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија