16 Мај, 2024
0.0370

ЌЕ БИДЕ ЛИ НАСКОРО ДОСТАПЕН И МОЛНУПИРАВИР ЗА БОЛНИТЕ ОД КОВИД: МЗ се уште анализира колку количини е потребно од овој лек

Објавено во: Македонија 24 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Светската здравствена организација веќе најави дека крајот на пандемијата на корона вирусот треба да се случи во 2022 година, но светот  сега е во паника поради новата омикрон варијанта која има многу помал период на инкубација заради што многу забрзано се шири и го презема приматот да стане доминантен сој на корона вирусот. Фармецевтските компании веќе ги надградуваат постоечките вакцини кои би ја зголемиле ефикасноста и против новиот сој, но истовремено произведуваат и антивирусни лекови кои при третман на болни од Ковид-19 го намалуваат ризикот од хоспитализација, како и од смртност поради компликациите од вирусот.

Од вчера, „Паксловид“ на Фајзер доби одобрение за итна употреба од страна на американската Агенција за храна и лекови (ФДА), додека рускиот регулатор пак, го регистрираше својот антивирусен лек кои научниците го нарекоа Мир-19. Антивирусна таблета произведе и компанијата Мерк, но молнупиравирот на оваа компанија, според последните клинички испитувања има само 30 проценти ефикасност во третманот на болните од корона вирусот. Дел од земјите, како Франција на пример, веќе ги откажаа нарачките, па наместо молнупиравир, прават набавки на паксловид од Фајзер, таблета која според истражувањата има дури 90 проценти ефикасност.

Сепак, нашите здравствени власти не се откажуваат од најавената набавка на Молнупиравир од компанијата Мерк. Уште кон крајот на октомври, Министерството за здравство објави дека ќе го набави лекот Молнупиравир, заради што Министерството уште тогаш стапи во контакт со производителот на лекот, и како што наведоа, за кратко време требаа да почнат преговорите за негова набавка. Но, по цели дева месеца оттаму се уште нема конкретен одговор во која фаза се преговорите, освен само дека здравствените власти прават анализи колку дози ќе бидат потребни да се набават од овој антивирусен препарат.

-Во тек се анализи за проценка на потребните количини и обезбедување на извори на финансирање за набавка на лекот, одговорија за Фактор од Министерството за здравство..

Освен оваа информација, од Минстеството за здравство не одговорија дали постои премислување околу набавката на Молнупиравир, особено поради фактот што неговата ефикасност е само 30 проценти и дали во тој случај би направиле обиди да се набави лекот на Фајзер. Соопштуваат само дека во терапијата на пациентите болни од ковид се користат најсовремени лекови.

- Ние располагаме со најмодерна и најсофистицираната терапија- моноклонални антитела за лекување пациенти со Ковид 19, велат од Министерството за здравство.

Инаку, лекот „молнупиравир“ е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на ковид-19. Се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот. Во соседството го има во Србија, тамошните власти најавија дека набавиле 50.000 дози, како и во Словенија. Во Европа се користи во Велика Британија, а го набави и Германија. Паксловид на Фајзер исто така е во форма на таблета, а американските здравствени власти соопштија дека ќе се препишува на високоризични пациенти над 12 годишна возраст. Рускиот антивирусен лек пак, Мир-19, произведен од Институтот за имунологија е наменет за превенција или третман на инфекција со корона вирусот преку вдишување или интраназална апликација. Ја спречува репликацијата на вирусот и ги спречува најтешките форми на развој на инфекција со корона вирусот, како и пневмонитис и синдром на акутен респираторен дистрес.

Во секој случај, според здравствените власти, најсигурното оружје против корона вирусот и натаму остануваат вакцините, а според СЗО пандемијата нема да заврши ниту со бустер дозите, туку само со рамноправна распределба на кличините вакцини насекаде во светот.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

„ОБИДОТ ДА СЕ РЕШАТ ДВЕТЕ КЛУЧНИ ПРАШАЊА ВО ЕДЕН МАНДАТ Е ТЕШКА ГРЕШКА“: слушнете го ставот на Бранко Азески во „Бизнис Муабети“

„ОБИДОТ ДА СЕ РЕШАТ ДВЕТЕ КЛУЧНИ ПРАШАЊА ВО ЕДЕН МАНДАТ Е ТЕШКА ГРЕШКА“: слушнете го ставот на Бранко Азески во „Бизнис Муабети“

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ПРИБИРА И АНАЛИЗИРА ДОКАЗИ ЗА ПАЛЧО, НО ТИЕ НЕМА ДА СЕ СПОДЕЛАТ СО ЈАВНОСТА - првата ноќ во затворот тој ја поминал мирно

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ПРИБИРА И АНАЛИЗИРА ДОКАЗИ ЗА ПАЛЧО, НО ТИЕ НЕМА ДА СЕ СПОДЕЛАТ СО ЈАВНОСТА - првата ноќ во затворот тој ја поминал мирно

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ќе бараат гаранции за уставни измени?

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ќе бараат гаранции за уставни измени?

СЕ ОБЕСИЛ ВО ПРИТВОРОТ КАДЕ ИМАЛО УШТЕ ЕДЕН ПРИТВОРЕНИК: Притвореникот кој си ги уби сестрата и внукот во кумановски Габреш си го одзема животот

СЕ ОБЕСИЛ ВО ПРИТВОРОТ КАДЕ ИМАЛО УШТЕ ЕДЕН ПРИТВОРЕНИК: Притвореникот кој си ги уби сестрата и внукот во кумановски Габреш си го одзема животот