ЌЕ БИДАТ РАСПОРЕДЕНИ ВО БЕЛГОРОД: Вагнер ќе се спрема за напад на Харков?
Објавено во: Свет 17 Април, 2024
Руската платеничка група Вагнер се враќа од Африка за напад на украинскиот град Харков.
Припадниците на платеничката вооружена формација Вагнер ќе се вратат од мисијата во Африка на фронтот во Украина по наредба на Кремљ, објави Американскиот институт за проучување на војната, повикувајќи се на руски извори.
Дел од членовите на Вагнер ќе бидат префрлени во Белгородската област на самата граница со Украина.
Белгород е на само 40 километри од вториот по големина град во Украина, а веќе на големо се шпекулира дека Харков ќе биде новата цел на руската офанзива.
Територијата на регионот Белгород е активно вклучена во конфликтот, бидејќи украинската армија речиси секојдневно го гранатира.
Руската инвазија на Украина почна пред повеќе од две години.