27 Февруари, 2020
0.0175

Ќарот надвор: Колку тежат дивидендите на странските акционери во земјава

Објавено во: Економија 03 Декември, 2019

Речиси 206 милиони евра се одлеале од Македонија надвор во странство на име дивиденди, за деветте месеци годинава. Податоците од Народната банка за платниот биланс покажуваат дека по овој основ најголема сума излегла во месец септември, или последниот месец од третиот квартал кога како дивиденди надвор исплатени се 67,5 милиони евра. Дивидендите се за акционерите на странските компании кои работат во земјава и нормално сумите по месеци се поголеми во втората половина од годината. Дополнително, сумата треба позначајно да се зголеми до крајот на годината, па можно е да надмине и 250 милиони евра. Лани за цела година по овој основ од земјава излегле помалку пари или околу 203 милиони евра за 12 месеци. Од 2012 година до сега како дивиденди од земјава одлеани се 1,6 милијарди евра.

Инаку нема податоци кој ги исплаќа овие дивиденди и кон која земја се одлеани парите. Најголемите одливи сепак се од друштвата кои остваруваат поголеми добивки, како банките на пример, од кои пак, повеќето имаат странски акционери.

Ако се анализира по години, најголема сума што како дивиденда излегла од Македонија е регистрирана во 2014 година. Во таа година дури 364,2 милиони евра изнесуват дивидендите кои се исплатени надвор. Во 2016 година на име дивиденди надвор од Македонија завршиле 201,6 милиони евра, додека во 2015 година сумата е 138,3 милиони евра. Приближно толкави се и сумите во 2013 и во 2012 година.

Година одлив дивиденди (мил. евра)

2012  135,6

2013  128,4

2014  364,2

2015  138,3

2016  201,6

2017  230

2018  202,8

Познавачите коментираат дека е добро ако странските компании работат добро па и делат дивиденда за заработката во земјава. Велат дека странските фирми кои произведуваат овде се главните носители на извозот па и на домашниот раст, па нормално е да имаат и ќар. Сепак најпрофитабилни сепак се компаниите од финансискиот сектор односно банките.


Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

ПРОГНОЗА НА РУСКИ МИНИСТЕР: Нафтата ќе биде актуелна во следните 20 години

ПРОГНОЗА НА РУСКИ МИНИСТЕР: Нафтата ќе биде актуелна во следните 20 години

ПАК ЛИ ЌЕ СЕ МАЧИМЕ СО КАПИТАЛНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ - во јануари само 6,5 милиони евра

ПАК ЛИ ЌЕ СЕ МАЧИМЕ СО КАПИТАЛНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ - во јануари само 6,5 милиони евра

Скопјанка пред две години заработила 17 милиони евра

Скопјанка пред две години заработила 17 милиони евра

Конечно пуштена во употреба новата шестоседна жичница на Попова Шапка

Конечно пуштена во употреба новата шестоседна жичница на Попова Шапка

Стабилни приходи: Стопанска банка Битола одработи со добивка

Стабилни приходи: Стопанска банка Битола одработи со добивка

Билал Суџубаши останува Претседател на УО на Халк Банка

Билал Суџубаши останува Претседател на УО на Халк Банка

УДАР И ЗА СВЕТСКИТЕ, АМА И ЗА НАШАТА БЕРЗА: Коронавирусот го „нападна“ индексот МБИ 10

УДАР И ЗА СВЕТСКИТЕ, АМА И ЗА НАШАТА БЕРЗА: Коронавирусот го „нападна“ индексот МБИ 10

Кој хотелиер има профит од 1,7 милиони евра?

Кој хотелиер има профит од 1,7 милиони евра?

Владата му го смени името во „преспанско“ и на странскиот инвеститор „Гентерм“

Владата му го смени името во „преспанско“ и на странскиот инвеститор „Гентерм“