Китаровиќ: Војската не е обучена за пожари, ама требаше порано да излезе
Објавено во: Балкан 18 Јули, 2017
Приморскиот регион на Далмација во Хрватска деновиве е под опасна закана од ширење на големи пожари кои нанесоа огромни штети. Досега 80 пожарникари се полесно повредени при справување со огнената стихија, а во Сплит состојбата полека се враќа под контрола со ангажман на стотина пожарникари.
Сепак, претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ и покрај силните напори не е целосно задоволна од реакцијата на војската.
- Мое мислење е дека војската на терен можеше да излезе порано. Иако не се обучени ниту опремени како пожарникарите за гасење пожари се чини дека опсегот на пожарот беше толкав што бараше ангажирање на секоја рака, вели Китаровиќ.
Мобилизирани се и пожарникарите од Сишачко-мославчката жупанија кои се на готовс да им помогнат на колегите од Далмација.