КИМ ЏОНГ УН ЌЕ НАПАДНЕ УШТЕ ПОЈАКО: Северна Кореја направила мини нуклеарни боеви глави!
Објавено во: Свет 09 Март, 2016
Севернокорејскиот водач Ким Џонг Ун тврди дека неговата земја успеала да направи мини нуклеарни боеви глави кои може да се постават на балистички ракети, пренесе Ројтерс повикувајќи се на севернокорејска агенција .
Ким тоа го кажал во текот на инспекциите на работниците кои работат во нуклеарниот сектор.
-Нуклеарните боеви глави се стандардизирани да можат да застанат на балистички ракети така што се намалени-навел тој и додал дека ова сега може да се нарече навистина „застрашувачка нуклеарна сила“.
Северна Кореја во јануари објави дека извела четврт нуклеарен тест и објави дека во прашање било успешно тестирање на хидрогенска бомба. Таа објава многу екепсерти, како и владата на Јужна Кореја и САД, ја доведоа во прашање.