19 Мај, 2024
0.0313

КИФ – Официјализиран проектот финансиран од ЕУ за поконкурентен регион

Објавено во: Мои пари 04 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Повеќе од 1.200 мали и средни претпријатија од шесте држави од регионот на Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Северна Македонија и Црна Гора) во следните три години ќе можат да добијат конкретна поддршка од Коморскиот инвестициски форум (КИФ) за унапредување на нивните производни и извозни капацитети, за зголемување на нивното присуство на регионалните и на светските пазари, како и за зголемување на нивната подготвеност да станат добавувачи на големите мултинационални корпорации, да добијат средства од европските фондови и да привлечат странски инвестиции.

Партнерството на тригодишниот проект за подигнување на конкурентноста на стопанството од регионот, кој ќе го имплементира Коморскиот инвестициски форум, а за којшто Европската унија издвои 2,5 милиони евра, ќе биде официјализирано денес, во рамките на Бизнис Форумот на Самитот за Западен Балкан во Познањ, од страна на европскиот комесар за проширување и соседска политика, Јоханес Хан и претседателот на Коморскиот инвестициски форум, Марко Чадеж.

Потпишувањето на договорот е планирано за септември, почетокот на реализацијата на проектните активности во октомври, а првите услуги од заедничката регионална стопанска соработка, за стопанствениците ќе бидат достапни до крајот на годината.

- Европската унија преку овој проект помага за зајакнување на капацитетите на Коморскиот инвестициски форум и на коморите основачи на КИФ за поддршка на стопанството, но главните корисници на овие средства, односно на услугите од овој проект ќе бидат самите стопанственици, - посочува Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија и заменик-претседател на КИФ.

Во рамките на овој проект, околу 200 компании од регионот ќе можат да се поврзат и да договорат билатерална соработка на деловните средби организирани од КИФ, повеќе од 60 компании ќе добијат поддршка да влезат во меѓународните синџири за добавување, а исто толку компании заеднички ќе настапат на три големи меѓународни саеми. Планирани се и три големи инвестициски конференции за промоција на регионот и на успешните бизнис приказни од регионот пред странските инвеститори. Дополнително, околу 20 компании ќе можат да добијат техничка помош во подготовката на проектите при аплицирањето за средства од програмите и фондовите на ЕУ, како што се „Хоризонт 2020“, „КОСМЕ“ или „Креативна Европа“.

Азески посочува дека на стопанствениците ќе им се стават на располагање „онлајн“ бази на податоци со квалитетни информации за одделни странски пазари, како и специјално креирани информации за нивните потреби, а ќе се организираат и инфо-денови, семинари и работилници на кои стопанствениците ќе се едуцираат за придобивките кои ги носи регионалната економска област и ќе добијат совети како да ја зајакнат меѓусебната регионална соработка и да го интернационализираат своето работење.


Посебно внимание ќе биде посветено на унапредувањето на комуникацијата помеѓу јавниот и приватниот сектор во регионот, но и со Европската унија, во насока на унапредување на процесот на воспоставување на регионалната економска област. Планирано е одржување на три бизнис платформи помеѓу бизнисот од регионот и носителите на одлуки во ЕУ, со учество на повеќе од 300 стопанственици од регионот. Ќе бидат подготвени и 9 студии и анализи, со кои ќе се идентификуваат препреките за деловна соработка во регионот, со препораки до надлежните органи за нивно отстранување.

  -Конкретната поддршка за компаниите, посочува Азески, ќе донесе и конкретни придобивки и за економиите на државите од Западен Балкан во целина.

 - Целта ни е во текот на проектот, компаниите од регионот меѓусебно, но и со компании од трети пазари, да потпишат договори вредни околу 50 милиони евра. Истовремено, анализите укажуваат дека овој проект ќе придонесе до 2022 година БДП по глава на жител во регионот да порасне од сегашното ниво од една третина на просекот на ЕУ, до 40% од просекот во Унијата. Увозот и извозот на стоки и услуги да пораснат на 57%, односно на 70% од регионалниот БДП, а меѓусебната размена во рамките на регионот да порасне од постојните 4,5 милијарди на 6,6 милијарди евра, - посочува Азески.

Коморите основачи на КИФ, помеѓу кои е и Стопанската комора на Македонија, на Самитот на Западен Балкан ќе го претстават стопанството од регионот на заеднички штанд на КИФ. По потпишувањето на писмото за намери за реализација на проектот за поконкурентен регион и обраќањата на Јоханес Хан и Марко Чадеж, ќе се одржи панелот: „Регионална економска област - што очекува бизнисот?“, на којшто претставниците од коморите и ЦЕФТА -Секретаријатот ќе говорат за досегашниот напредок, препораките на бизнисот и заедничките активности за отстранување на препреките за прекугранична размена во регионот на Западен Балкан.

  

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО