03 Мај, 2024
0.0291

Керемедчиев тврди дека Русија сака да ги наруши македонско - бугарските односи

Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Eкс бугарскиот заменик министер за надворешни работи Милен Керемедчиев, за БНР, изјави дека во пресрет на претстојните избори во Бугарија одредени партии ја користат тензијата во односите меѓу Софија и Скопје, за да се обидат да го подигнат својот рејтинг и популарност, што ги загубија во последните години.

„Дури и да се предизвикаат судири и немири, партиите, кои се сметаат за патриотски, одат со одредена цел. Тоа е дополнително да ги влошуваат односите меѓу Бугарија и Северна Македонија“, изјави Керемедчиев.

Вели дека тоа се партии кои имаат блиски контакти со Русија, но и со Србија.

„Зад овие провокации стои желбата за трајно наштетување на нашите билатерални односи“, рече Керемедчиев.

За повлекувањето на бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов од Македонија, Керемедчиев изјави дека тоа е претпоследна мерка, а последна би била неговото отповикување. Се надева дека тоа нема да се случи.

Дел од бугарските политичари заговараат и враќање на ветото за Македонија, откако имаше инцидент во Охрид, каде три лица истепале момче кое е секретар на бугарскиот клуб. 

Бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков, вели дека Христијан Пендиков засега нема да се врати во Македонија, затоа што добивал закани. 

Можеби ќе ве интересира

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ