18 Мај, 2024
0.0390

Кастро: Подготвени сме да го заборавиме минатото и да живееме мирно со САД

Објавено во: Свет 16 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Куба е подготвена да го заборави минатото и мирно да живее со САД, изјавил кубанскиот претседател Раул Кастро во средата, додека двете држави го очекуваат отворањето на амбасадите и продолжување на односите.

„Ние зборуваме за изградба на нов вид односи меѓу двете држави, различни од целата наша заедничка историја“, изјавил Кастро во кубанското народното собрание, според официјалните медиуми.

Куба и САД ќе ги обноват дипломатските односи во понеделник по 54-годишна пауза.

САД и Куба почнаа тајни преговори за обновување на врските во средината на 2013 година, што доведе до историска порака на 17 декември 2014 година, кога Кастро и претседателот на САД Барак Обама изјавија дека нивните земји ги размениле затворениците и бараат начин за нормализирање на односите.

Колапсот во односите меѓу двете земји датира од 1 јануари 1959 година, кога бунтовниците, предводени од браќата Фидел и Раул Кастро ја соборија поддржана од САД влада на Фуленсио Батиста.

Управувањето со Фидел Кастро става краj на поволнaта  бизнис клима во САД за американските компании и се приближува политички земјата до поранешниот СССР.

Кубанскиот претседател повторно го повика Барак Обама да го ублажи ембаргото на САД против островската држава.

Во понеделникот САД ќе ја отворат амбасадата во Хавана, а Куба - во Вашингтон.

Кубанскиот претседател го поздрави постигнатиот договор за иранската нуклеарна програма. Тој истакнал дека Исламската република има неотуѓиво право да ја користи нуклеарната енергија за цивилни цели.

Иран и Куба одржуваат блиски политички и економски односи. Техеран го осудува ембаргото наметнато од Вашингтон на Хавана, а таа го поддржува неговото право да развие сопствена нуклеарна програма.

Санкциите против Русија и носат штета на Европа, го прават светот нестабилен и кријат во себе нови опасности, предупредил Кастро.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто