02 Мај, 2024
0.0298

Канцеларијата на Јанева е под клуч, за парите, саксиите и сликите ќе пресече Рускоска

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Во писмото кое Катица Јанева го испратила до Специјалното јавно обвинителство, а кое повторно е напишано рачно, според нашите извори, поранешната обвинителка освен што ги бара парите до резервниот фонд за да си ги плати тековните трошења поврзани со рочиштата, побарала и да и се дадат сите нејзини лични работи од канцеларијата. 

Обвинители за Фактор потврдуваат дека во канцеларијата таа има слики, плакати, саксии за цвеќе, но имало и пијалоци и десерти. Сепак останува нејасно како овие работи ќе се трансферираат кога, според информациите канцеларијата на Јанева е затворена. Од друга страна СЈО формално не постои, иако дел од обвинитите имаат задача да одат таму и да ги чуваат предметите. Според информациите оттаму, ако Вилма Рускоска, обвинителката која го води случајот „Рекет“ во кој Јанева е осомничена одлучи да и и ги даде работите на поранешната обвинителка, тоа ќе се направи по нејзин налог и под надзор.

Инаку резервниот фонд постоел, а  дел од обвинителите за Фактор велат дека секој месец давале по 3.000 денари и тие пари ги кристеле за свадби, погреби, за хуманитарни цели и по потреба на некој обвинител. Сепак за сите тие потреби се пишувал налог и стоела намената на потрешените пари, додека најблиските соработници на Јанева и таа самата земале од парите без да кажат за што им се потрошени. Сега никој од СЈО не знае колку пари се останати, дали воопшто има пари. Сведочат дека со собирале секој месец, а заеднички настани имало само малку.  

Писмото е потпишано од Јанева, а на него стои Катица Јанева, „специјална јаван обвинителка во оставка“ иако таа веќе е разрешена. 

Притворената Јанева утре треба да сведочи за случајот „Рекет“.


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање