19 Мај, 2024
0.0275

Кампања на Дојче Телеком „Ние ги поврзуваме луѓето во Европа“

Објавено во: Мои пари 07 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

- Дојче Телеком станува водечки европски давател на телекомуникациски услуги

- Групацијата ќе инвестира повеќе од шест милијарди евра во проширување на својата европска мрежа до 2018 година

„Ние ги поврзуваме луѓето во Европа!“ е мотото на новата медиумска кампања којашто Дојче Телеком ја започнува во дванаесет европски земји, меѓу кои и Македонија. Оваа кампања ја поддржува стратегијата на Групацијата Дојче Телеком да биде водечка телекомуникациска компанија во Европа со најнапредна мрежа. Македонски Телеком е првата компанија од Дојче Телеком, којашто пред повеќе од една година целосно ја модернизираше својата фиксна мрежа базирана на интернет протокол (Аll-IP), додека пак Т-Мобиле ја развива најдобрата 4G мрежа во Македонија. Во рамките на оваа кампања и останатите членки на Дојче Телеком ќе го следат примерот на Македонија за инвестирање во модерни мрежи.

 „До 2018 година сакаме да станеме водечка европска телекомуникациска компанија и  затоа инвестираме во модерни мрежни технологии и прекугранична инфраструктура во Европа. Заедно со сите локални компании, се стремиме да им понудиме на нашите корисници најдобар квалитет на мрежата, производите и услугите и ефикасно да ги искористиме деловните синергии“, рече Клаудија Немат, член на Одборот за Европа и Технологија во Дојче Телеком. Групацијата има намера да инвестира повеќе од шест милијарди евра во проширувањето на својата европска мрежа до 2018 година, да ја заврши миграцијата на кориснички линии во мрежа целосно базирана на IP во сите останати земји и да понуди уште повеќе производи базирани на cloud, рече Немат.

slika t-mobile

Со оваа меѓународна медумска кампања, во која централен елемент на поврзување е Т, Дојче Телеком испраќа јасна порака во сите земји - “Ние ги поврзуваме луѓето во Европа!“. Со кампањата се подига свеста за тоа дека Европа сѐ повеќе се зближува и дека Дојче Телеком со својата најмодерна технологија ги поврзува луѓето и пазарите, независно од границите.

Идејата на кампањата е преку зближување на најпознатите културни градби и локации од секоја од „Телеком земјите“ да се претстави обединета Европа. Обединувањето е прикажано преку мостовите, карактеристични за секоја од земјите, коишто ја поврзуваат Европа со поддршка од „Т“ во магента боја. На пример, во Македонија тоа е Камениот мост и Кале (Скопје), Карловиот Мост во Република Чешка (Прага), Мостот Европа во Австрија (Преминот Бренер), Сеченовиот синџирест мост во Унгарија (Будимпешта), Мостот „Сино Чудо“ во Германија (Дрезден) и Новиот Мост во Словачка (Братислава).

Освен во Македонија, од денеска кампањата стартува и во Германијана, па следи  Црна Гора на 11 мај. Кампањите за Полска, Република Чешка, Унгарија, Хрватска, Холандија, Австрија, Словачка, Романија и Албанија ќе следат во јуни.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО