11 Мај, 2024
0.0242

Каменос се сомнева дека Македонија ќе опстои

Објавено во: Балкан 09 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Грчката десничарска партија Нова демократија бара објаснување од грчкото Министерство за надворешни работи околу позициите на грчката Влада за Македонија и спорот за името по новите радикални изјави на министерот за одбрана, Панос Каменос.

Пратеникот на Нова демократија, одговорен за надворешна политика, Јоргос Кумуцакос, заедно со уште 18 други пратеници, остро ги критикува изјавите на Каменос. Тој денеска преку писмо побара од грчкото МНР да ги објасни ставовите на грчката Влада по овие изјави на Каменос.

Каменос во интервју за телевизијата „Скај“ кажа дека тој никогаш нема да прифати име во кое ќе фигурира зборот Македонија, но и дека спорот за името во моментов не е толку важен затоа што не се знае дали државата воопшто ќе постои. 

Тој смета  дека мнозинството граѓани во Македонија се со албанско потекло, но дека Грција во случај на судири треба да го заштити христијанското население во регионот.

Во писмото се нагласува дека грчката надворешна политика треба да се води одговорно и резервирано, особено во период кога е критична ситуацијата на Балканот. 

„Дали позициите на министерот за одбрана за создавање „христијански блок“ е официјална позиција на МНР? Која е официјалната позиција на државата во однос на името на БЈРМ – таа што ја има МНР или таа од изјавата на министерот за одбрана? Дали изјавите на министерот за одбрана се основата врз која се гради балканската политика на Грција“- стои  во писмото на Кумуцакос и на другите 18 пратеници на Нова демократија.

Каменос, кој е од десничарската Независни Грци, од самиот почеток има дијаметрално спротивни позиции од Сириза во однос на спорот за името и тврди дека нема да дозволи и да прифати користење на терминот Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

„Пропушти час на училиште, за да оди на рингишпил“: исповед на братот на тешко повреденото девојче, пред три години го изгубиле таткото

„Пропушти час на училиште, за да оди на рингишпил“: исповед на братот на тешко повреденото девојче, пред три години го изгубиле таткото

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји