Какви се реакциите на СПЦ по потегот на бугарските владици?
Објавено во: Балкан 28 Ноември, 2017
Српската православна црква е изненадена од потегот на Бугарските владици да ја преземат одговорноста да бидат промотори на решавањето на автокефалниот статус на МПЦ.
Белградска „Политика“ повикувајќи се на информации од Патријаршијата пишува дека одлуката ги возбудила круговите во Белград, каде вчера имало и седница на Синдот на СПЦ.
Пораката што СПЦ ја пренесува преку „Политика“ е дека сепак српските владици се надевале дека Синодот во Софија ќе остане на линија на канонскиот поредок на црквата. Втората порака што СПЦ ја испраќа е дека ПОА на Јован Вранишковски е единствената црква која СПЦ ја признава.
На оваа тема за МПЦ и БПЦ, Ројтерс пишува дека има доближување на двете цркви и покрај трнливата историја.