01 Мај, 2024
0.0623

Каков шлем е потребен за поголема заштита на мотоциклистите?

Објавено во: Мои пари 21 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Еден од главните фактори за поголема безбедност на мотоциклистите покрај исправноста на самиот мотоцикл, е носењето заштитен шлем. Шлемот или кацигата не само што заштитува и ги намалува повредите, туку е и законска обврска. Токму на оваа тема се осврнуваат активностите за овој месец на кампањата „Јас внимавам“, иницирана од компанијата ОКТА и целосно поддржана од Министерството за внатрешни работи, со чија помош и се спроведуваат активностите.

Заштитно лице за активностите од овој месец е мотоциклистот Ленин Јовановски, кој се приклучи како промотор на целите на кампања пред се заради честите незгоди каде жртви се мотоциклистите и многу често причината за големите повреди е немањето соодветна заштита. Носењето заштитен шлем при возење мотоцикл го намалува ризикот од фатални последици за 40 отсто, а ризикот од сериозни повреди дури за 70 отсто. Ленин уште упатува дека заштитниот шлем мора да исполнува извесни стандарди и да биде сертифициран, со прилагодена големина и намена, односно во зависност дали се вози во градски сообраќај или на отворен пат. Но, сепак останува првото и најбитно правило дека без разлика на дистанцата и брзината со која се вози мотоциклот, најголемата заштита за мотоциклистот е заштитниот шлем. Дури и мали, незгоди може да предизвикаат сериозни повреди на главата, доколку не е заштитена, потенцира Ленин.

Кампањата чија цел е зголемување на јавната свест за поголема безбедност во сообраќајот преку доследно почитување на сообраќајните правила и прописи, апелира за сите мотоциклистибез разлика на возраст, дали возат на пократки или подолги релации да носат заштитен шлем и со тоа да се заштитат себеси од повреди при евентуални незгоди. Носењето шлем и од законски и од безбедносен аспект, се налага за сообраќање на какви било релации и за двата патници на мотоциклот.

Кампањата „Јас внимавам“ е активна веќе неколку месеции преку разни активности кои што ги спроведува компанијата ОКТА во соработка со МВР, се стреми да ја истакне потребата од унапредување на безбедноста на сите ученици во сообраќајот. Наградување со вредносни ваучери за совесните учесници во сообраќајот, едукација на креативен начин за најмладите, дефилеа и настани, дистрибуција на едукативни материјали и илустративни боенки, како и донација на сообраќајни полигони за училиштата, се само дел од активностите на кампањата.

Зголемувањето на сообраќајните незгоди и жртвите ја наметнаа потребата од една ваква, сеопфатна кампања чиишто придобивки се препознаени и од голем број јавни личности кои ја дадоа својата поддршка и со своето влијание повикуваат на поголема свесност и внимание во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор