16 Мај, 2024
0.3685

Каков криминал сторил странски инвеститор: Адеми не кажа ни збор за случајот

Објавено во: Економија 23 Август, 2018

Добивај вести на Viber


Или креваат раменици или молчат. Една недела откако директорот на Управата за финансиска полиција сведочеше дека во земјава има голема странска инвестиција зад која стои криминал, директорите на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и на Дирекцијата за технолошко развојни индустриски зони немаат прецизен коментар за случајот. Вулнет Адеми кој директорува во Агенцијата и кој е најповикан да одговори и покрај напорите, па и испратените писмени прашања, не сакаше да каже ниту збор за случајот. Одмолча и за тоа дали соработуваат со финансиската полиција и кој е нивниот став. Александар Младеновски, директорот  на Дирекцијата за слободни зони за Фактор изјави дека никој не се обратил до нив за да дадат какви било информации. Вели дека не мора да значи оти инвестицијата е во некоја од зоните.

„Не се обратиле, ама ако го сторат тоа ние ќе соработуваме. Ќе отстапиме каков било документ кој им е потребен, вели Младеновски.

Арафат Муареми во интервју кое Фактор го објави пред една недела тврдеше дека не може да соопшти сума и точни податоци, но дека работат на таков случај кој е поврзан со странска инвестиција.

„За брзо време ќе излеземе со уште еден случај кој како инвестиција е со поголеми размери и со милионски суми во евра како штета.  По завршувањето на истрагата ќе се уверите дека има и такви странски инвестиции кои се дојдени со една намера. Што повеќе да добијат и од државата и од другите фондови и да си отидат од Македонија, рече Муареми.

За случајот се молчи и покрај тоа што актуелната власт доста зборуваше на оваа тема пред промената на фотелјите но и после тоа. Анализа која ја објави Владата пред точно една година покажа дека Македонија за 10 години (од 2007  до 2017 година) за странските директни инвестиции издвоила 225 милиони евра. Во таа сума влегуваат кеш грантови за кои се издвоени 26 милиони евра, даночни и царински олеснувања од кои биле изгубени над 69 милиони евра, како и трошоци за привлекување на странски инвеститори кои изнесуваат 130 милиони евра. Се вработиле 20 илјди лица, а секое вработување во просек чинело по 11 илјади евра.

Во тој период во земјата влегле 25 компании кои вработиле вкупно 20 илјади лица. Доколку се подели бројката на потрошени пари за странските директни инвестиции излегува дека секој  работник Македонија ја чинел во просек по 11 илјади евра.

Сепак освен анализата до пред интервјуто немаше ништо во врска со инвестициите. Истрагата ќе покаже дали сепак има такви кои само го цицале државниот буџет и тоа на незаконски начин.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025