16 Мај, 2024
0.0307

Како скопска „Стопанска банка“ прави 10 милиони евра ќар на тромесечје?

Објавено во: Економија 10 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Добивката ќе била и значајно поголема ако не биле 4,5 милиони евра кои банката ги впишала во резервации за кредити со неизвесна наплата што веројатно во значајна мерка е резултат на предстејачната позиција во која е големиот клиент „Фени Индустри“

„Стопанска банка Скопје„ за првите девет месеци има добивка од 30 милиони евра односно 1,88 милијарди денаришто претставува минимален раст во споредба со истиот период лани. Просечно по квартал оваа голема македонска банка прави профит од 10 милиони евра на секое тромесечје годинава.

Нето приходи од камати се 15 милиони евра по квартал!

Банката во првите девет месеци има нето приходи од камата кои изнесуваат 2,766 милијарди денари односно 44,83 милиони евра и тие се за 84,7 милиони денари односно 1,37 милиони евра во однос на истиот период лани. Просечниот квартален приход од камати на нето основа изнесува 15 милиони евра. 
Банката годинава, како и другите банки, играла на адутот на значајно намалување на расходите за камати. Тие за првите девет месеци годинава изнесуваат 575,1 милиони денари и во однос на лани се пониски за 108,8 милиони денари. Само за споредба, приходите од камати изнесуват 3,34 милијарди денари за првите девет месеци и се пониски за 24 милиони денари што е помалку од 1 отсто. Во истиот период банката ги намалува своите расходи за камати за 16 отсто односно за 108,8 милиони денари што пак како апсолутна вредност е 4 пати повеќе од намалените приходи од камати..

Дали „Фени“ ги зголеми резервациите?

Податоците за таа банка кои се јавно објавени покажуваат дека резервациите се значајно зголемени во првите девет месеци годинава во споредба со истиот период лани. Тие на крај на септември достигнале вредност од 566,5 милиони денари и се за 3 милиони евра односно за 189,1 милиони денари поголеми од истиот период лани. Ако се споредат достапните податоци се гледа дека во третиот квартал износот на резервирани средства е значајно поголем во однос на просекот на првите две тромесечја. Во периодот јули-септември резервациите се 265 милиони денари (околу 4,5 милиони евра), а во првите два квартали просекот е 152 милиони денари. Многу е веројатно дека растот на резервациите е заради аранжманот на банката со „Фени Индустри“ компанија за која оваа банка е еден од покренувачите на пред-стечајна постапка.

Доколку не биле толку зголемени резервациите на последиот квартал банката ќе имала значително поголема добивка за првите девет месеци годинава. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025