КАКО ШТИП СТАНА ЖАРИШТЕ НА КОРОНАВИРУСОТ: Се бара решение
Објавено во: Македонија 30 Јули, 2020
Штип е градот со најголема инциденца на корона вирусот на 100.000 жители. Градот стана жариште откако вирусот пламна во неколку текстилни фабрики. Во моментов во овој град на Истокот има 792 позитивни лица од кои активни носители се 436 лица. Капацитетите се полни а хоспитализирани се 49 пациенти.
Фактор веќе пишуваше дека можно е да с еформира нов кластер во Јавното претпријатие „Исар“ во Штип каде до вчера имаше три случаи потврдени со корона вирусот. Во зградата на ова јавно претпријатие се вработени 30-тина луѓе кои, но има и дополнотилено инкасанти кои имаат и други контакти.
Останатите вработени нема да бидат тестирани на Ковид-19, освен во случај да појават симптоми, сепак, постои опасност, сосема слично како и штипските конфекции, ЈП „Исар“ да биде нов кластер на корона вирусот во Штип.