11 Мај, 2024
0.0269

Како се држат трите бугарски банки во Македонија?

Објавено во: Финансии 02 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Бугарија е земјата која има најголем број на банки во Македонија, односно најголем број финансиски субјекти со странско потекло во нашата земја доаѓаат од источниот сосед.

На македонскиот пазар за пари постојат три банки кои се со доминантен капитал од Бугарија. Тоа се: УНИ Банка, Централна кооперативна банка ЦКБ и Капитал банка. Најголемата од нив е во групата на средни банки, втората е во лигата на средно-мали банки, а третата е на опашката во најмалите банки. 

Капитал банка лани заврши со загуба од 2,95 милиони евра и тоа е многу послаб резултат од 2016 година кога имало макар и минимална добивка од 40.000 евра. Лани го губела своето пазарно учество и тоа се гледа по падот на приходите од камати и од надоместоци и од провизии, а паралелно со тоа има огромен раст на резервациите на кредити кои надминале 3 милиони евра и пораснале за 2 милиони евра во однос на 2016 година. Губењето на пазарната позиција се рефлектира и во намалувањето на кредитирањето проследено со раст на вложувањата во македонски државни обврзници. Кредитирањето се намалило за 8,4 милиони евра  до износ од 215 милиони евра, а вложувањето во државни обврзници надминало 8,4 милиони евра на крајот на 2017 година. 

Од друга страна, Капитал банка не стои добро ниту кај депозитите. Тие се намалиле за 7,3 милиони евра лани и сега изнесуваат само 36,7 милиони евра. На ова поле редовно е помагана со „инфузии“ од својата централа „Алфа Фајнанс холдинг“. Тие се состоеле од отпис на долг, преку откупување на корпоративна обврзница за познат купувач до субординирани заеми. „Алфа Фајненс холдинг“ поседува над 95 отсто од акциите на Капитал банка. Оваа банка има акумулирана загуба од 10 милиони евра.

Загубата на ЦКБ  за 2017 година е 90.000 евра  и со неа акумулираната загуба на ЦКБ достигна 3,5 милиони евра. Лани успеала минимално да ги зголеми нето приходите од камати, но тие 5 милиони денари ги изгубила со истоветното намалување на нето приходите од провизии и надоместоци. Нето приходите од камати и од провизии и надоместоци се нешто над 5 милиони евра. Најголема трошочна ставка се останатите расходи кои изнесувале 2,5 милиони евра,а веднаш зад овие расходи се трошоците за вработени кои изнесуваат 2,3 милиони евра. 

Охрабрувачки за акционерите на ЦКБ е тоа што македонската банка го зголеми лани кредитирањето за 10 милиони евра до износ од 94,5 милиони евра на крајот на 2017 година. Нивото на депозити лани пораснало за 11,5 милиони евра до ниво од 115 милиони евра. Приоритет во работата на ЦКБ банка лани биле домаќинствата каде растот на кредитирањето е 9,5 милиони евра и од тоа растот на потрошувачките кредити е околу 7 милиони евра, а останатото е зголемување на пласманите во станбени кредити за физички лица.

Матица на оваа банка е софиската Централна кооперативна банка која контролира над 85 отсто од акциите и таа пред повеќе години ја купи „Силекс банка“.

Најголемата е УНИ Банка и таа изработиле најдобро, такам што ги зголемиле нето каматите од кредитирање за 1,5 милион евра, односно речиси до 11 милиони евра. Нето приходите од провизии и надоместоци пораснале за 115.000 евра до износ од 2 милиони евра лани. Нето добивката лани изнесувала 4 милиони евра и е поголема за над 1,5 милиони евра во споредба со 2016 година.

Банката има акумулирана добивка од 5 милиони евра без поделба на дивидендаБанката напредува истовремено и кај кредитите и кај депозитите. Кредитирањето е зголемено до 178 милиони евра, односно за 22,6 милиони евра. Депозитната основа пораснала до 203,7 милиони евра откако се зголемила.за 32,4 милиони евра 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди