16 Мај, 2024
0.0361

Како преде ТТК Банка?

Објавено во: Економија 22 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Растот на ставката останати приходи (што укажува на продажба на заложен имот или средства н.з.) од 667.000 евра за три месеци е клучниот фактор што и донесе на ТТК Банка добивка од 518.000 евра во првата половина од годинава

ТТК Банка за првата половина година книжи добивка која надмина половина милион евра. Во споредба со истиот период лани резултатот е за нијанса послаб, но во однос на првиот квартал кога банката работеше со загуба, резултат е охрабрувачки. Анализата на податоците покажува дека банката го подобрува работењето во однос на лани и ја зголемува својата пазарна позиција. Но и покрај тоа клучната разлика што ги израдува акционерите ја направија големите приходи во ставката останати приходи што укажува на продажба на имот или средства кои биле земени како гаранција за дадени кредити.

Како делуваше ТТК Банка?

Нето приходите од камати за првото полугодие годинава изнесуваат 2,2 милиони евра и тие се за 140.000 евра повисоки во однос на истиот период лани. Ова во целост го покри нето падот на приходи од провизии и надоместоци за првите шест месеци годинава. Тие изнесуваат 980.000 евра и се за 30.000 евра пониски од истиот период лани. Резервациите за пола година достигнаа 738.000 евра, а загубата заради оштетување нефинансиски средства е речиси 828.000 евра и таа во однос на истиот период лани е поголема за 657.400 евра. Тоа реално е трошокот со најголем раст. Резервациите годинава во споредба со лани се поголеми за речиси 240.000 евра. Трошоците за вработените за пола година се 1,25 милиони евра и бележат минимален раст во споредба со истиот период лани. Слична е состојбата и кај останатите расходи од дејноста. 

Според официјалните податоци клучен фактор за добивката на банката се останатите приходи од дејноста кои за половина година се 1,29 милиони евра и се втора по голема приходна ставка во оперативното работење на банката пред провизиите и надоместоците. Тие се и клучниот генератор за добивката која за половина година иснесува 518.000 евра. Во споредна со лани добивката на банката е помала за 60.000 евра.

Раст на кредитирањето, зголемена депозитна база

За половина година нивото на кредити е 74 милиони евра. Тие пораснале за 3,6 милиони евра во споредба со крајот на 2017 година. Банката во хартии од вредност вложила 22,9 милиони евра и тоа е за 10 отсто во споредба со нивото од крајот на 2017 година. Очекувано, паралелно со растот на кредитирањето оди и зголеменото ниво на депозитната база. На крајот на јуни годинава банката чува 103,3 милиони евра што е за 3,46 милиони евра повеќе од крајот на минатата година.


Р. Ф. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА