17 Мај, 2024
0.0290

КОИ КОМПАНИИ ГИ НАПОЛНИЈА ДРЖАВНИТЕ РЕЗЕРВИ СО НАФТА - нафтената криза ја „раздрма“ државата

Објавено во: Економија 22 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Скопската рафинерија на нафта ОКТА е главниот снабдувач на државните задолжителни резерви со нафта, и за таа цел во февруари наплатила 2,3 милиони евра.

Ова го покажува порталот за отчетност Отворени финансии, кој говори дека најголемиот прилив рафинеријата ОКТА го остварила од Дирекцијата за задолжителни нафтени резерви, а само мал дел од средствата се наплатени и од Дирекцијата за стокови резерви.

Тоа говори дека државата во февруари била решена да ги наполни нафтените резерви, и за таа цел најголемата сума и ја исплатила на рафинеријата ОКТА, плаќајќи за таа намена над два милиони евра.

Притоа, најголемата наплата ОКТА ја имала на крајот на февруари, односно точно на 28 тој месец, од Дирекцијата за задолжителни нафтени резерви, на сума од 1,95 милиони евра.

Помали сум пристигнале претходно, односно на 8 февруари Агенцијата за задолжителни резерви и исплатила на ОКТА 311 илјади евра, како и на 25 февруари, кога ОКТА наплатила 86 илјади евра.

ОКТА и во март добила една позначајна исплата од Агенцијата за задолжителни нафтени резерви за снабдување со деривати, конкретно на 3 овој месец, кога инкасирала 300 илјади евра.

Значително помала сума во февруари наплатил „Макпетрол“, кој на 10 февруари од Дирекцијата за задолжителни резерви добил исплата од 87 илјади евра, додека, пак, на 24 февруари добил околу 10 илјари евра, како и нецели 7 илјади евра на истиот датум.

И компанијата „Супертрејд“ обезбедила нафта за резервите, и за таа немана на 8 февруари добила исплата од 55 илјади евра.

Како што веќе објавивме, и руската „Лукоил“ обезбедила горива за резервите, за што во февруари, на 8 во тој месец добила наплата од околу 7 илјади евра.

Компанијата „Пром-гас ДООЕЛ Скопје“, пак, која е снабдувач со природен гас, во февруари изби меѓу петте најголеми приматели на државни средства, наплатувајќи вкупна сума од 1,4 милиони евра.

Оваа компанија најмногу средства добила од Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, но и од Министерството за здравство, за снабдување на болниците.

Ова говори дека енергенсите, со оглед на енергетската криза која се разгоре особено откако Русијса ја нападна Украина, значително ги зголемува трошоците на државата за набавка на енергенси.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА