18 Мај, 2024
0.2042

Како мафијата во Италија почна да заработува од бегалците

Објавено во: Свет 25 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Организираните криминални групи во Италија покажаа сериозна генијалност што се однесува до приходите. Кризата со миграцијата во Европа се покажа нов извор на нелегален профит за мафијата, пишува „FT“.

Грижата и исхраната на мигрантите може да ја чини италијанската влада околу 800 милиони евра годишно. Властите освен тоа даваат 35 евра на ден на приватни лица, фирми и непрофитни организации за да ги заштитуваат мигрантите. Во сумата се вклучена од 2,5 евра дневно, за кои се претпоставува дека директно треба да се даваат на бегалците.

Овие средства сепак се наоѓаат неодоливо привлечни за мафијата, според италијанските обвинители и антимонополната групa. Тие посочуваат дека криминални групи успеале да манипулираат со доделувањето на договорите за управување на прифатни центри за мигранти.

„Ова е многу широко распространет проблем. Пречекот на мигрантите стана голем бизнис“, коментира Габриела Страмачони, која е одговорна за социјална политика на „Libera“ - една од организациите за борба против мафијата во Италија.

Пресретнат од полицијата во телефонски повик минатата година Салваторе, социјален активист, кој лежел во затвор за убиство во 80-тите години, наведува: „Имате ли идеја колку многу се заработува од имигрантите? Дрогата се помалку е профитабилна“. По разговорот тој е уапсен, но досега ги негира обвинувањата против него.

Оваа недела повторно потсети на степенот на тежина на бегалската криза, откако најмалку 40 лица се удавија во италијанскиот брег. Оние кои успеваат да стигнат до брегот, се соочуваат со сериозни пречки да се изгради повторно живот во Европа.

Интервенцијата на криминалните елементи во нивното сместување дополнително ја влошува нивната ситуација, бидејќи се намалува пристапот до услуги за бегалците. Ова ги поддржува во извесна смисла и активностите на антиимигрантските групи, кои сакаат да ја блокираат секоја форма на државна помош за новодојдените.

Според италијанските власти криминалното претпријатие кое доминира во бизнисот со сместувањето на барателите на азил, е базирано во Рим. Тоа е познато како „Mafia Capitale“ и е јавна тајна дека направило корупцијата е еден од главните извори на приходи. Традиционалните криминални групи во Италија, како „Cosa Nostra“ во Сицилија, калабриската „Ndrangheta“ и неаполската „Camorra“, исто така се поврзуваат со овој „бизнис“, но се доста помалку активни.

Римската организација беше откриена од страна на обвинителите во декември минатата година. Истражните органи посочуваат дека таа е поврзана со локалните политичари и државни службеници, како и дека договорила експлоатацијата на центри за мигранти од „задруги“ и добротворни групи кои всушност служат на нејзините интереси.

Џовани Салви, поранешен главен обвинител на Катанија, Сицилија - една од дестинациите за многу од бегалците, наведува дека мафијата успеала да се вметне во оваа активност заради степенот на протокот на луѓе. Државните службеници се мачат одамна да најдат места за сместување, кое нема да го искористат организираните криминални групи.

Салви открива сепак и нов „елемент“ во миграционата криза - некои невладини организации кои учествуваа во работата на бегалците.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто