Како ќе патуваме кога ќе поминат 12 месеци од примена втора доза?
Објавено во: Свет, Корона Вирус 19 Ноември, 2021
Ковид-сертификатот на ЕУ истекува 12 месеци по втората доза на примената вакцина против коронавирусот.
Како што јавува порталот Еуроактив, повикувајќи се на извори во Брисел, Европската Комисија (ЕК) треба да предложи да се продолжи важноста на сертификатот за патување во ЕУ. Според изворите, сертификатот ќе престане да важи една година по примањето на последната доза од вакцината. Се вели дека членките на ЕУ во принцип се согласуваат со ставот на Комисијата, но дека не сакаат да прават „премногу врева поради тоа“, имајќи предвид дека некои од нив имаат голем број невакцинирани. Романија, Бугарија, Унгарија, Чешка и Грција веќе нудат трета доза од вакцината за граѓаните од сите возрасти.