Како грчките медиуми извествуваат за протестот во Атина?
Објавено во: Балкан 05 Февруари, 2018
„Нафтемборики“ пишува дека „илјадници граѓани од цела Грција го изразија нивното комплетно несогласување за употребата на името Македонија од соседната земја“, во текстот под наслов „Река од народ на Синтагма за Македонија“.
„Гневот на народот“ е насловот на весникот „Та неа“ за вчерашниот протест во Атина против употреба на терминот „Македонија“ во решение за името.
Весникот „Елефтерос типос“ има наслов „ Народот пишува историја, „не“ од стотици илјадници граѓани за игрите со името на Македонија“.
Весникот „Димократиа“ пишува: „ Не“ за распродавање на името и
на нашата историја произлезе од „референдумот“.
„Етнос“ и „Ефимерида тон синдактон“ се со комплетно различни коментари од другите
весници. Првиот весник наведува дека партијата Нова демократија се загуби во броењето, а вториот дека се
кренала „многу врева за ништо“, дека имало „многу народ, многу грчки знамиња, но без
страст“ и многу помалку од очекуваното, а споменато е и присуството на протестот на
лидерот на Златна зора, Никос Михалољакос.