07 Мај, 2024
0.0245

Кај сите потешки форми на Ковид-19, неконтролираното давање на кислород може да го доуништи веќе воспаленото белодробие, предупредува д-р. Беќаровски

Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Професорот Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија посочува дека овие денови кислородните боци и концентраторите за кислород се најбарани производи не само во болниците, туку и од приватните лица.

Тој во неговиот пост на Фејсбук посочува дека, сепак, несоодветното давање кислород често може да предизвика многу поголема штета, отколку корист.

-Стравот од Ковид-19, но пред сè стравот од ужасните искуства со „неизмерен глад за воздух“ од една страна и се поголемата лимитираност на болничките капацитети принудија голем дел од нашите граѓани да купат боци со кислород и концетратори за О2, со цел да бидат користени во домашни услови. Во оваа прилика би сакал да напоменам дека оксигенацијата на организмот е цела наука и несоодветното давање на кислород често може да предизвика поголема штета отколку корист. КОНЦЕНТРАТОРИТЕ НА 02 се многу побезбедни во тој поглед бидејќи можат максимално да произведат до 5 литри кислород во минута, доза која ретко може да предизвика хипероксигенација. Боците содржат компримиран О2 кој може да достигне притисок до 12l/min, што посебно при долготрајна неконтролирана употреба може да предизвика многу сериозни компликации. Кај сите потешки форми на Ковид-19, со појава на ПНЕУМОНИЈА, неконтролираното давање на високи дози на кислород може ДОПОЛНИТЕЛНО да го уништи веќе воспаленото белодробие. Неправилната хидратација на кислородот од боците, кој е во гасовита форма, може ДОПОЛНИТЕЛНО да го иритира белодробието.

Неправилното ракување со кислородните боци и ненавременото затворање на вентилот, веќе предизвика ЕКСПЛОЗИИ кај нашите соседи во Бугарија и Србија.
ЗАТОА, многу, многу, многу внимателно со кислородните боци во домашни услови, бидејќи може место на Вашите најмили да им помогнете, многу да им одмогнете.
Медицината е сепак наука која не случајно се учи цели 12 години !!!!!!, пишува во постот д-р. Беќаровски.


Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта