17 Мај, 2024
0.0273

Каде во Македонија можете да купите евтини станови?

Објавено во: Економија 11 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Во помалите градови во Македонија може да се купат станови по пониска цена.

Евтини недвижнини има во Пехчево, Свети Николе, Неготино, Богданци, мали општини, со мал број на жители, каде нема многу можности за работа.

Од агенциите за недвижности во Скопје велат дека најмногу работат со станови во Скопје и Охрид, тие се најскапи, но во внатрешноста има поевтини недвижности.

„Во Неготино има доста поевтини станови, Кавадарци е поскап од Неготино, а Штип има високи цени на станови поради тоа што е универзитески град“, велат од скопска агенција за недвижности.

Во Неготино стан од 72 квадрати со 3 соби се продава за 37.000 евра, но има и станови од 70 квадрати за 31.000 евра.

Во Крушево ако во минатото имаше поевтини недвижности, сега цените се зголемени.

„Јас веќе продадов стан во центарот на Крушево, и можам да кажам дека сѐ е работа на договор, и кој колку си го цени имотот, колку пари бара за него, но стан од 54 квадрати може да се продаде за 23.000 или 24.000 евра“, објаснува крушевчанец.

Од огласите може да се забележи дека во Берово за 68 квадрати стан во центарот до реката Брегалница, бараат 30.500 евра. Друг стан со три соби се продава за 31.000 евра.

Во соседното Пехчево стан од 41 квадрат се продава за 15.500 евра.

Во Виница стан со 3 соби чини 50.000 евра, а се нудат на продажба станови од 56 квадрати за 25.000 евра, но има и понуди за станови со 4 соби за 37.000 евра.

Во Гевгелија за 35.000 евра може да се најде реновиран трособен стан со површина од 83 квадрати. Во истиот град во центарот има станови од 40 квадрати за 25.000 евра.

Во Богданци стан од 42 квадрати може да се купи за 14.000 евра.

За 45.000 евра се продава трособен стан во Крива Паланка.  Стан од 82 квадрати во Крива Паланка се продава за 60.000 евра.

Во Кочани опремен стан од 77 квадрати се продава за 56.000 евра. Во истиот град за стан од 72 квадрати бараат 39.000 евра. Мал стан од 45 квадрати се продава за 19.500 евра.

„Во Демир Хисар има евтини куќи, станови немаме многу. Цената зависи во каква состојба е куќата, но добра куќа се наоѓа за цена од 20.000 до 30.000 евра. Јас веќе продадов стан од 56 квадрати за 17.000 евра“, вели жител на Демир Хисар.

Во Ресен за 35.000 евра има станови од 64 квадрати, во Македонски Брод  стан од 52 квадрати се продава за 20.000 евра, а од 31 квадрат за 10.000 евра.

Стан со три соби има за 40.000 евра во Свети Николе, гарсоњера за 14.000 евра, стан од 52 квадрати се нуди за 18.500 евра, може да се види од објавени огласи. 

Сања Атанасовска

фото Википедија

Можеби ќе ве интересира

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи