Кабелските оператори предупредуваат за зголемување на месечната претплата
Објавено во: Економија, Корона Вирус 13 Мај, 2020
Стопанската интересна заедница на оператори на кабелска мрежа МК НЕТ Скопје не се согласува со намерата на Владата на Република Северна Македонија да се формира фонд за подршка на медиумите, а кој фонд ќе треба да го финансираат кабелските оператори.
„Ваквата намера на Владата ќе предизвика зголемување на месечната претплата. Доколку Владата ја донесе Уредбата со законска сила со која ќе се формира фонд за подршка на „профитабилни„ медиуми, ја известуваме јавноста дека кабелските оператори ќе бидат приморани да ја зголемат месечната претплата на своите претплатници, или да пристапат кон исклучување на телевизиските канали кои во овие тешки времиња сакаат да се богатат на грбот на граѓаните“, наведуваат во реакцијата.