11 Мај, 2024
0.0250

Јункер ја предупреди Турција: Враќањето на смрттната казна ја затвора вратата кон ЕУ

Објавено во: Балкан 08 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Повторното воведување на смртната казна во Турција ќе биде еднакво на откажување од продолжување на преговарачкиот процес за присоединување кон ЕУ, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во интервју за „Раинише пост“ објавено денеска , пренесоа агенциите. 

„Ако воведувањето на смртната казна се покаже нешто повеќе од реторика, тоа ќе биде еднакво на одбивање на Турција од европското семејство. Ова ќе е еднакво на крај на преговорите (за прием во ЕУ), бидејќи основа на нашата заедница се почитта кон демократијата, човековите права и меѓународното право. Овие вредности ја исклучуваат смртната казна“, рече Јункер. 

Претседателот на Европската комисија исто така, рече дека и покрај сегашните несогласувања меѓу Брисел и Анкара, се потпира на тесни идни односи со Турција. 

Според него, судбината на Турција е тесно поврзана со ЕУ. „Посакувам и во иднина да биде така“, посочи Јункер. 

На 16 април, веднаш по референдумот за уставни амандмани претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека „неговата прва работа“ е да разговара со премиерот Бинали Јилдирим и со претседателот на опозициската Партија на националистичко движење, Девлет Бахчели за прашањето за враќање на смртната казна во практиката . 

Минатиот петок прес секретарот на германската влада Штефен Заиберт изјави дека СРГ ќе ги искористи сите законски средства за да не дозволи референдум по прашањето на своја територија.

Можеби ќе ве интересира

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

„Пропушти час на училиште, за да оди на рингишпил“: исповед на братот на тешко повреденото девојче, пред три години го изгубиле таткото

„Пропушти час на училиште, за да оди на рингишпил“: исповед на братот на тешко повреденото девојче, пред три години го изгубиле таткото

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји