17 Мај, 2024
0.0374

„Југохром“ доцни со исполнувањето на еколошките стандарди

Објавено во: Економија 02 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Комбинатот „Југохром“ од Јегуновце уште не почнал да гради еко-систем и доцни со исполнувањето на обврските за обезбедување интегрирана еколошка дозвола, констатираше Министерството за животна средина. Од вкупно 29 активности од Оперативниот план што требаше да го исполни комбинатот, шест воопшто не се започнати со реализација, меѓу кои и изградба на систем за отпрашување. Со ова за компанијата станува речиси невозможно да го исполни дури и продолжениот рок за воведување на потребните еколошки стандарди, кој истекува на 31 октомври. Токму воведувањето на системот за отпрашување вреден 10 милиони евра беше причина заради која „Југохром“ и „Макстил“ на 1 април бараа продолжување на рокот за да обезбедат А-интегрирана еколошка дозвола, која значи највисок еколошки стандард и драстично намалено загадување на животната средина. Од Министерството не се прецизира дали по истекот на октомврискиот рок „Југохром“ ќе добие клуч на врата или само уште едно продолжување на крајниот термин за исполнување на законските обврски. Комбинатот функционира со просечно производство од 5 до 5,5 илјади тони феролегури и спаѓа во групата на позначајни емитери на загадувачки супстанци. Во него се вработени 1.200 лица.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА