19 Мај, 2024
0.0370

Јовановски: Грешка ќе биде да се прифати анекс или патоказ со барањата на Бугарија

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Грешката што сега може да се направи е да се прифати нешто (патоказ, анекс, било што) со што барањата на Бугарија би се внеле во преговорите, односно тие барања би станале дел од условите во преговорите, вели Зоран Јовановски, поранешен потретседател на СДСМ, сега целосно неактивен во политиката. 
Јовановски на фејсбук сподели свои размислувања за актуелната ситуација и рече дека се негови лични и дека немаат врска со политиката затоа што како што вели, од 2013 година не е дел од какви било партиски битки.
Моите ставови се само мои, натпартиски и македонски, вели Јовановски. 
Неговиот став е дека Бугарија нема поддршка од другите земји на ЕУ. 
„САД порачаа (Рикер, Палмер) дека преговорите со ЕУ треба да почнат во декември, а било какви отворени прашања треба да бидат разгледувани билатерално, меѓу двете земји, значи НАДВОР од процесот на преговори со ЕУ. Тоа значи, притисокот е врз Бугарија, а не врз нас. Напишав и пред извесно време, ние треба да играме смирено и паметно. Грешката што сега може да се направи е да се прифати нешто (патоказ, анекс, било што) со што барањата на Бугарија би се внеле во преговорите, односно тие барања би станале дел од условите во преговорите. Со тоа, барањата на Бугарија, од нејзин проблем би станале проблем на ЕУ, а со тоа и наш. Тоа би била голема грешка што нема да може да се поправи, без оглед на почетокот на преговорите, вели Јовановски.

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична