17 Мај, 2024
0.0271

ЈИЕ 2020: На Балканот за осум години 600.000 нови работни места

Објавено во: Економија 05 Јули, 2018

Добивај вести на Viber


Македонија е втора економијата во регионот според бројот на нови работни места, 103 илјади и во однос на овој перформанс бележи раст од 71 отсто во последните осум години, односно од 2010 до 2018-та, забележува Брисел за Стратегијата за раст на регионот на Југоисточна Европа 2020 (ЈИЕ 2020).

Ова е содржано во резултатите од спроведувањето на Стратегијата ЈИЕ 2020, што беа презентирани денеска во Брисел на состанокот на Советот за регионална соработка, чија членка е и Македонија.

Растот на трговијата во Македонија, според резултатите, е оценет како одличен и забележано е речиси двојно зголемување изминатите седум години, од 6,9 милијарди евра на 12,5 милијарди евра.

Македонската економија, според резултатите, е меѓу лидерите во регионот со 71.062 нови високо квалификувани работници на пазарот на труд.

Економијата бележи прогрес и во однос на параметрот БДП по глава жител и сегашната стапка изнесува 37 отсто, придвижувајќи се од 34 отсто во 2010 година, а целта во 2020 е 43 проценти.

Генерално во резултатите е наведено дека земјите од Западен Балкан се вратиле на патот на растот со дополнителни повеќе од 600 илјади нови работни места од 2010 година досега и 500 илјади нови високо квалификувани работници.

Регионот бележи и раст на трговијата со дополнителни 33 милијарди евра, како и намалување на трговскиот дефицит од минус 23,1 на минус 19,7 отсто од БДП во изминатите седум години, пред се преку  силниот извоз, кој го сигнализираше зголемувањето на конкурентноста на производите и услугите на меѓународните пазари.


Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија