Јагуар во „лер“ пред британскиот излез од ЕУ
Објавено во: Економија 11 Септември, 2017
Британскиот автомобилски бредн Јагуар Ленд Ровер како еден од најголемите производители ги чуствува првите последици од претстојниот Брегзит при што Велика Британија треба да ја напушти Европската Унија, а со тоа и сите придружни бенефиции.
Според извори во компанијата, работниците бараат подобри услови за работа со новите договори, а кај странските партнери е намелен интересот за подолгорочни аранжмани за соработка.
Првиот човек на Јагуар, Ралф Спент смета дека со ова почнаа да се остваруваат стравувањата што постоеја во компанијата. Каква ќе биде иднината на британската економија никој не може со сигурност да прогнозира, па затоа и компаниите како Јагуар имаат проблеми со транзициониот период.