17 Мај, 2024
0.0283

Ја трчаме Македонија заедно со Ford

Објавено во: Мои пари 09 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Автомобилскиот бренд Ford aктивно ја поддржува манифестацијата „Beach Run“, која се одржува секој викенд во текот на јули под мотото „Ја трчаме Македонија заедно со Ford“.

И утре, сите заинтересирани, може да учествуваат во трката на крајбрежјето на Преспанското езеро. На оваа манифестација учествуваат граѓани кои се грижат за своето здравје и се свесни за потребата од заштита на животната околина.

2

Со вклучувањето кон манифестацијата, велат од компанијата Ми-Да Гранд Моторс, Ford ја продолжува традицијата на поддршка на активности кои ја промовираат екологијата и активниот начин на живеење, согласно својата филозофија. Во своите возила, Ford веќе ги вградува најеколошките фордови мотори EcoBoost и EcoBlue, со најмала емисија на јаглерод диоксид. Компанијата даде активна поддршка и во реализација на манифестацијата „Прв до врв“, каде исто така се промовираат здравиот начин на живеење и заштитата на животната средина.

3

Манифестацијата „Beach run“, на почетокот на јули се одржа во Скопје, а наредните викенди ќе се одржи во Дојран, Маврово и Охрид. Во трките на 5 километри може да учествува секој што сака да се натпреварува на една, неколку или на сите трки. Организаторот ги наградува најбрзите тројца во машка и женска конкуренција, а сите натпреварувачи кои успешно ја истрачале трката ќе освојат поени според постигнатото место и тие ќе служат за формирање рејтинг табела и одредување на победникот во серијата.

Можеби ќе ве интересира

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак